Деловни креации кои може да ги носите од понеделник до петок се дел од новата пролетна кампања на шпанскиот бренд „Зара“. Моделите се со крој позајмен од машкиот ормар, но со вментанат женската софистицираност и елеганција. Креациите се модифицирани за потребите на современата деловна жена. Застапени се палта во повеќе форми и должини, елеци, кошули, разни форми на панталони, здолништа и мантил-фустани, во црна, бела, каро-сива и впечатлива портокалова боја.
Нема коментари