Еден американски бренд понуди колекција со која претстави нова димензија на изреката „облечена за успех“ преку шик модели за деловни жени кои носат поголеми конфекциски броеви. Universal Standard е името на брендот, не ни е многу познат, но ни привлече внимание со колекцијата The New Executive Class, која содржи модерни деловни парчиња со конфекциски броеви над 50. Идејата е да се покаже дека деловната облека со плус-велични треба да биде составена од добро скроено сако, фустан кој ги истакнува облините, модерени блузи со впечатлив крој, молив-здолниште со мал шлиц, прпиени тенки џемпери. Жените со облини не треба да се кријат под слоеви широка облека без форма и структура, напротив, треба да ги истакнат своите облини со модерна облека соодветна за во канцеларија.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари