Едноставни, минималистички и елеантни, но сепак модерни и малку поинакви дизајни за во канцеларија понуди модниот бренд „Зара“ во новиот едиторијал. Класичните парчиња, како што е костимот од твид и ролките, добиваат нов моден изглед, а за деловен имиџ има и иновативни и тренди креации за покреативни професии. Пример за понеобичен деловен изглед е комбинацијата од металик панталони и предимензиониран џемпер или онаа со кожени панталони и војнички чизми. За ноември „Зара“ нуди и серија ролки и џемпери, елегантни комбинации и женствени стајлинзи со волнени молив-здолништа.
Нема коментари