Време е да ја акцентирате деловната облека со класични парчиња во јаки бои, па ви предлагаме една комбинација што може да ја носите дури и во средина што бара построг бизнис-кодекс. Изберете едно парче во интензивна боја, како во случајов здолништето во боја на циклама, спарете го со едноставно бело сако и инсертирајте уште неколку јаки тонови преку модните додатоци. Доколку не сте доволно смели или не знаете како да ги координирате боите, употребете само едно парче со интензивен тон во oблик на чанта, чевли или ремен. Тајната на овој изглед е во тоа да изберете облека со класичен крој во кој само благо се наѕираат актуелните трендови, на сметка на деталите каде што е дозволена поголема модна разиграност.
Нема коментари