Бременоста не значи отсуство на стилот, туку адаптирање на стилската облека на новата физичка состојба. Ова секако се однесува и на трудниците кои одат на работа и се професионано активни и во последни месеци од бременоста.
Бременоста изискува одредена доза на комфор, но тоа не значи дека постојано треба да носите широка облека без форма – удобно ќе се почувствувате и во припиен фустан од волна или друга растеглива ткаенина. Како расте стомакот, добра опција се и фустани во емпир-стил, односно сечени под градите и широки надолу.
Сакото е основа на деловниот изглед, а носете го и во бременоста. Сега се модерни предимензионирани сакоа и капути, што секако оди во прилог на трудничкиот стил. Исто така можете да носите и широки туники, квалитетни џемпери со подолга должина, здолништа и панталони прилагодени за трудници.
Нема коментари