Елегантен капут од квалитетна ткаенина и струкстурирана чанта во облик на иконската Hermès чанта се задолжителни зимски парчиња што секоја деловна жена треба да ги поседува. За пример ќе ја земеме Џенифер Лопез, фотографирана деновиве во син капут со класичен крој на Max Mara и со нејзината омилена Hermès Birkin чанта. За на работа бирајте елегантни палта со едноставен крој и инвестирајте во модел од природен материјал. Подобро да имате само еден квалитетен капут со класичен крој и во неутрална боја, отколку повеќе од евтини синтетички ткаенини и со непотребни детали и апликации. Истото важи и за чантите – подобро да си набавите два модела во кои можеби ќе вложите повеќе пари (на пример, една црна и една во неутрална нијанса како сива или беж), отколку повеќе модели во разни бои и со несоодветни додатоци, нитни, реси, привезоци…
Нема коментари