Модерната верзија на класичните деловни комбинации се предлог за средби со клиентот, деловен ручек и за корпоративни состаноци. Еве две идеи за бизниз имиџ во такви моменти.
Ручек со клиент
Класичната бела кошула и молив-здолниште оваа сезона доаѓаат во нови форми – кошулата има волуменозни ракави, здолништето деликатен карнер за да добие улра кул изглед. Комбинацијата дополнете ја со склуптурирани чанта и чевли што допринесува за една поинаква визија за дамски стил.
Состанок во канцеларија
Имате состанок со потенцијалниот клиент и треба да му го претставите проектот?! Појавете се во уредно и професионално издание. Одберете шик костим од лен во кој ќе изгледате модерно, деловно и самоуверено. Финиширајте со моќни чевли (задолжително со затворени прсти), и со чанта во бордо боја.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари