Внимателно одбраните модни парчиња кои го следат бизнис дрескодот претставуваат важен дел од корпоративното делување, но клучно е и тоа какви модни додатоци ќе одберете за во канцеларија. Покрај елегантните чанта и чевли кои задолжително треба да ги поседувате, следни важни детали се часовникот и накитот.
Во однос на рачниот часовник одберете стил и изглед кој е ваша лична преференца, но да не е гломазен, светкав, шарен, туку елегантен и класичен. Часовникот е детаљ што не треба да го избегнете. Тој проектира чувство на професионалност, пренесува порака дека знаете да го организирате времето и никогаш не доцните. Честопати е доволно да имате само часовник и евентуално едно парче накит.
Внимателно и со изборот на накит. Тој треба да е ненаметлив, деликатен и со поедноставени форми. Можеби сте љубителки на крупни и шарени алки, сакате да носите впечатливи ѓердани и обетки, но во короративниот свет ваквите парчиња се сметаат за невкусни и несоодветни. Доста помага што оваа сезона тренд е минималистичкиот накит.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари