• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
гастрономија 0

Денови на италијанска кујна со светски познатата готвачка Катерина Чераудо

Од stylist @StylistMKD · На ноември 23, 2017

Marriott FB Ads_Italian food-01

Дистрикт Бар и Ресторан ќе биде домаќин на неделата на италијанска храна 

Израсната на семејната фарма со традиција од 16-тиот век, опкружена со винови насади и маслинови градини, дипломиран енолог на Универзитетот во Пиза и искуство во ресторани и со 3 Мишелински ѕвезди: Катерина Чераудо, денес еден од најсовремените и најинвентивните готвачи на Јужна Италија, ќе биде ексклузивен гостин на Деновите на италијанската кујнакои од 24 до 30 ноември се одржуваат во Дистрикт бар и ресторан.

Втората Недела на италијанска кујна во светот, која се одржува од 16 – 26 ноември, е настан од светски рамки, организиран под покровителство на италијанското Министерство за надворешни работи, со цел промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија под единственото лого “The Extraordinary Italian Taste”.

Во Скопје во рамките на Деновите на италијанската кујна вљубениците во префинетиот италијански вкус ќе имаат несекојдневна можност да ги пробаат кулинарските специјалитети инспирирани од традиционалната кујна на регионот Калабрија, подготвени со многу љубов и страст на модерен и инвентивен начин.

Таљатели со зајачко рагу, мешани пржени риби во сос од лимон и портокал, автентични њоки или пак традиционален медитерански бакалар, и сето послужено со уникатни маринади, сирења и зачини типични токму за овој предел на Италија, се само дел од специјалното мени кое ќе биде понудено во рамките на оваа недела.

Специјалната гостинка е признаена и како најдобрата жена готвач за 2017 година од престижниот магазин “Michelin Guide“, а нејзиниот живот го посветува на совршена креативна кујна, со особена почит кон регионот од кој потекнува, Калабрија, со цел на светот да му ја понуди најдобрата храна.

Caterina

Денес таа работи како главен готвач во семејниот ресторан „Датило“ кој е лоциран во регион со несекојдневна убавина и исклучителен потенцијал, во срцето на семејната фарма. Семејството Чераудо произведува и квалитетно вино и ладно цедено маслиново масло, а многу од производите кои се служат во ресторанот доаѓаат директно од сопствените полиња на семејството. Отворен е во 2003 година како амбициозен проект на нејзиниот татко Роберто Чераудо, а од 2013 станува личен проект на Катерина Чераудо. Нејзиниот брат продолжува да работи на лозјето, нејзината сестра се грижи за промоција на бизнисот, додека таа до ден денес е целосно посветена на ресторанот, кој уште од 2012 година е закитен и со Мишелинска ѕвезда.

По нејзиното доаѓање во 2013, иако значително го менува менито, таа сепак успева да ја задржи престижната ѕвезда, нудејќи едноставна, префинета и елегантна кујна каде техниките на готвењето и страста се обединуваат во една единствена цел – да се покаже Југот на модерен начин.

„Токму културата и традицијата на мојот регион, меѓутоа со една исклучителна модерна нишка, сакам да ги преточам и во менито кое ќе го презентираме на Деновите на италијанската кујна во Скопје Мериот. Мојата девиза е дека конзистентноста, учењето и страста се трите важни состојки кои се потребни за да се биде подобар и токму тоа сакам да го комуницирам преку храната и со моите гости“, изјави Катерина Чераудо.

Деновите на италијанската кујна се организирани во соработка со Италијанската амбасада, а во текот на овие 7 дена за гостите на Дистрикт Бар и Ресторан ќе биде креирано уникатно мени со италијански предјадења, главни јадењаи десерти со потпис на Катерина Чераудо.

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1000001178 гастрономија

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

  • Christmas гастрономија

    Празнично загревање со божиќен пунч

  • online-wine-map гастрономија

    Изработена првата дигитална мапа на 250 винарии во Македонија

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics