Денови на шведската кујна се организираат во ресторанот „Дистрикт“ на Мериот Хотел Скопје од 9 до 19 јуни под мотото Taste SweDish. Во текот на овие десет дена посветени на гастрономијата и несекојдневните специјалитети, скопјани ќе имаат можност да ги вкусат шведските традиционални оброци приготвени на автентичен начин.
За содржината на менито и приготвувањето на специјалитети ќе се погрижат шефот на ресторанот „Дистрикт“, Петер Татар заедно со најпознатиот шеф во Шведска, Магнус Албректсон. Со оглед на тоа што ресторанот „Дистрикт“ има отворен галериски поглед на кујната, гостите ќе ја имаат исклучителната можност, достапна само тука, да набљудуваат како се создава кулинарската магија со подготовката на најпознатите шведски специјалитети
Сите ексклузивности на скандинавската кујна, послужени во уникатниот, модерен и автентичен ентериер на ресторанот „Дистрикт“, ќе овозможи дополнително уживање за гостите. Заедничкото мајсторство на шефовите Татар и Албректсон ќе им ги претстават на гостите спецификите на скандинавската кујна и типичните манири во дневната исхрана или оброци за специјални пригоди, а ќе имаат можност да вкусат шведско говедско рагу, гравлакс на тост или шведски ќофтиња со лингонбери бобинки. Ресторанот „Дистрикт“ и Мериот хотел го организираа настанот Денови на шведската кујна во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.
Нема коментари