Модна кампања инспирирана од балетот
Креативната директорка на париската модна куќа „Диор“, Марија Грација Кјури, во септември минатата година престави колекција инспирана од балетот и женската фoрма, во таа насока е и кампањата за креациите наменети за пролет-лето 2019.
Промотивната кампања на „Диор“ за следната сезона ја следи естетиката и грациозните движења на балетот, како и неутралните нијанси и лелеавите свиленкасти ткаенини карактеристични за балетските костими и присутни во Диоровата колекција.
Ангажирани се две манекенки и неколку танчарки кои со своите пози ја доловуваат уметноста на движењето. Фотографиите ги направи Харли Вир.
ДУХОТ НА ТАНЦОТ НА РАЗИГРА НОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА МАРИЈА ГРАЦИЈА КЈУРИ ЗА ДИОР
Нема коментари