Питер Филипс, креативниот и имиџ директор на Dior Makeup за претстојната празнична сезона ја предложи колекцијата Dior Midnight Wish, со која сака да ѝ ја исполни желбата на секоја жена да биде убава на свој начин. Главната тема колекцијата е среќната ѕвезда на Кристијан Диор, содржи шминка со многу светки и во празничните бои – црвената и златната.
Новогодишната колекција се состои од неколку палети на сенки за очи со светкав финиш, руменило со шимер, шест елегантни бои на карминот Diorific, пет раскошни бои на Rouge Dior Bijou и четири лакови за нокти во шишенца кои потсетуваат на новогодишен лампион.
Нема коментари