• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
шминка-фризура 0

Храбри жени добија бесплатна трансформација на изгледот од дрогериите dm

Од stylist @StylistMKD · На октомври 10, 2019

DM3

Стотици посетители вчера беа дел од настанот „DAYS of BEAUTY by dm“ кој се одржа во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје, а повеќе од 50 жени добија и бесплатна трансформација на изгледот со најдобрите брендови шминка достапни на нашиот пазар. На шест различни столчиња работеа професионалните мејк-ап артисти: Сим Салтирова, Александра Але Алексовска, Рина Меговска – Алексиќ, Марина Христовска, Милена Косиќ и Небојша Пешевски. Секој заинтересиран посетител имаше можност да направи целосна промена на изгледот и да добие информации за различни видови шминка и препарати за декоративна козметика.

Водител на настанот беше Марко Марк, а „мразот го скршија“ неколку јавни личности кои први седнаа на столчињата за трансформација. Тоа беа водителките Цеце Трајковска, Милена Антовска и Елена Стојановска и блогерките Софија Јанева, Miss Urban Vibe и Даниела Ѓуровска.

DM

- Ја сакам декоративната и корективната козметика и воедно сум голема пријателка на дрогериите dm. Постојано ги следам новитетите и козметичките линии и уживам додека избирам производи и испробувам нешто ново, а воедно сакам да сум убаво нашминкана. За жал, досега немам направено драстична промена на изгледот, но пред сè затоа што мојата професија го бара тоа. Но, кога станува збор за еднократна шминка со задоволство би искусила вистинска трансформација – вели водителката Елена Стојановска.

Мејк-ап артистите работеа со познатите брендови Max Factor, L’Oréal, Maybelline, Aura, Wet n Wild и trend IT UP, следејќи ги најновите светски трендови кога станува збор за шминката и декоративната козметика. Одредени производи од овие брендови во текот на цел октомври ќе бидат на попуст до 45 отсто во сите dm дрогерии.

DM2

- Ја поддржувам промената и задоволство е кога ќе видиш средена жена со имиџ кој е во чекор со трендовите. Поради тоа одлучив да бидам дел од овој настан и да им овозможиме на неколку жени да искусат нешто ново и да го променат имиџот. На овој настан работам со главниот германски бренд на дрогериите dm, trend IT UP и мислам дека се едни од најупотребуваните производи од женската популација. Инаку досега со дрогериите dm и со брендот trend IT UP сме работеле повеќе пати и сме многу задоволни од квалитетот на производите поради што сме и долгогодишни соработници – вели мејк-ап артистот Небојша Пешевски.

DM4

Настанот беше дел од кампањата #neverstopchanging чиј фокус е дека промените се составен дел од животот и дека носат свежина, нови сознанија и пријатни искуства.

- Настанот беше насочен токму кон тоа да се мотивирааме да ги прифатиме промените како составен дел од животот и воедно храбро да експериментираме со искуствата, како и со сопствениот изглед. Потребно е заедно да пратиме порака дека секој од нас треба да се отвори кон новите текови и да се обиде да внесе свежина во сопственото секојдневие – велат од dm.

Кампањата #neverstopchanging е само една од активностите на dm дрогериите во овој период. Во следните месеци планирани се уште многу активности, примарно насочени кон потрошувачите и нивните потреби.

DM1

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • islandgirl шминка-фризура

    Island Girl Makeup– ТикТок тренд на шминкање инспириран од исончаниот и блескав тен на островските девојки

  • holiday-glam-makeup шминка-фризура

    Видео туторијали со предлози за новогодишна шминка

  • latte-make-up шминка-фризура

    Latte Make Up – летен тренд на шминка во природни и бронзени тонови

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics