Ѕвездите на реалните ТВ-шоуа, кои градат и со манекенска кариера, Бела Хадид и Кендал Џенер се прогласени за модели на годината според порталот Models.com. Влијателниот сајт секоја година ги доделува Model of the Year Industry Awards. Најдобрите се избираат на два начини: со гласови од публиката , осносно читателите и со избор на стручно жири, во чиј состав се познати стилисти, модни агенти и модни фотографи.
Бела Хадид е најдобар модел според мисењето на жирито, додека за Кендал Џенер најногу гласаа читателите. Во категоријата најголемо влијание во социјалните мрежи според жирито тоа е Вилоу Смит, а публиката ја избра Џиџи Хадид, која пак победи и во изборот за најголема ѕвезда на интернет. Најголема ѕвезда на социјалните мрежи според публиката , пак, е Емили Ратајковски. За најдобри машки модели се именувани Џордан Барет и Франциско Лачовски.
Нема коментари