Некои од стилските ѕвезди летово одбраа малку контрадикторна модна комбинација од волуменозно сако со машки крој и под него само парче долна облека. Тоа може да биде градник, краток топ во спортски стил или топ кој наликува на долна облека или костим за капење. Идејата е градникот да ѕирка под широкото и незапетлано сако, а овој микс може да се надополни со бермуди, летен костим или со фармерки.
Нема коментари