Новата соработка на американскиот ланец на стоковни куќи Target е со дизајнерот на накит Еди Борго кој креираше лимитирана колекција. Борго деновиве ја презентираше колекцијата во друштво на заштитното лице на кампањата Попи Делевињ, а ќе почне да се продава на 12 јуни. Колекцијата е лимитирана и содржи чанти, долги обетки, ѓердани и разни привезоци кои може да се користат како привезок клучеви или да се закачат на чанти. Доминира бохо-стилот и принципот на „направи сам комбинација“, како на пример персонализирано комбинирање на парчињата или на ѕидните тапети на кои ќе може сами да закачувате привезоци, тотеми и камчиња. Производите ќе чинат од 8 до 50 долари. Target веќе соработуваше со повеќе дизајнери на колекции кои веднаш се распродаваат поради ниските цени, а последната на Лили Пулицер беше инстантно разграбана и продавана многу поскапо на eBay, поради што компанијата размислува да ги смени правилата на продавање и да ги казнува препродавачите.
Нема коментари