• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Постапокалиптичен и футуристички стил во колекцијата Radioactive на Kali Rose

Од Катерина Трајановска · На октомври 24, 2019

kali rose (2)

Авангардна мода со постапокалиптичен стил и футуристички референци се препознатливи во колекциите на Катарина Лука која што дизајнира под брендот Kali Rose. Ја забележавме на модна ревија на Моден викенд пред неколку сезони, нејзиниот бренд се развива во Македонија и надвор, а нејзините креации се продаваат на различни места, онлајн и во светски концепт продавници. Катарина живее во Шведска, често патува и живеела на други дестинации, што се одразува на нејзината креативен универзум. Но, се навраќа и на Скопје и од лани креациите ги произведува во Македонија. На просторот на Stylist.mk, преку фотографии, видео и разговор, Катарина ја открива новата колекција наречена Radioactive и естетиката што ја создава.

katarina luka

Катарина Лука

-Kali Rose е бренд кој претставува еден алтернативен свет во кој индивидуите се разликуваат од една меинстрим социјална класа, кои што сакаат да го изразат својот дух и уникатност преку стилот во кој се носат. Идејата започна да се развива пред три години во Индија, каде и живеев неколку години и од таму потекнува и самото име, Кали, црната хинду божица која претставува голема моќ во индиската митологија.

За прв пат во Македонија се претставив минатата година на Модниот викенд во Скопје со самостојна ревија на отворањето, по која следеше и Showroom во Public Room. Веќе оваа година Kali Rose почнува да се препознава и во светот, па така пред неколку месеци добив понуда за соработка на снимањето на спотот на Steve Aoki на кој Kali Rose е официјален стилист. Видеото може да се погледне на овој ЛИНК.

kali rose (5)

Периодов ја претставуваш новата колекција Radioactive…

-Radioactive е најновата колекција за оваа есен-зима. Како во минатите, така и во оваа колекција може да се забележи дистопискиот, постапокалиптичен стил. Сребрените моменти кои ги користев за оваа линија, се издвојуваат и даваат малку поинаков футуристички изглед на повеќето парчиња. Најзастапена е црната боја, како и кожените детали по кои овој бренд е и препознатлив. Голем дел од инспирацијата за оваа колекција ми беше концертот на Kraftwerk ова лето, иноваторите и пионерите на електронската музика, на која лично сум голем фан. За насловот, за жал, повторно се инспирирав и од мојот роден крај Скопје, кој докажано е најтоксичниот град во светот и кога и да дојдам во зима сум во реален апокалиптичен филм. Не ги користевме гас маските на ова снимање, но целиот амбиент и концепт алудира на еден нуклеарен холокауст кој предизвикува колапс на цивилизацијата во светот. Колекцијата содржи дефинитвно несекојдневни парчиња, но се надевам дека голем број ќе се пронајдат во неа и храбро би ги носеле.

kali rose (1)

Како ја објаснуваш твојата дизајнерска естетика? Твоите креации се авангардни и нетипични и со нив се обраќаш на поспецифична публика, нели?

- Многу често луѓето се збунети за тоа што е мода, а што стил. Накратко, модата е во облеката, во надворешноста, се менува, но стилот е во карактерот, доаѓа од внатре, еволвира. Од таму доаѓа и главното мото на брендот ‘WHY FIT IN WHEN YOU WERE BORN TO STAND OUT’. Мислам дека премногу енергија и време во животот се троши на градење на една проекција со која би биле прифатени во општеството и да бидеме видени како ‘нормални’. Јас, лично мислам вклопувањето во толпата на ‘нормален’ е тотално монотоно и некреативно живеење. Она што мене ме инспирира и што се обидувам да го потенцирам низ колекциите, цели токму на оние што стојат спротивно од тие норми, оние кои се разликуваат, издвојуваат, што не стравуваат од мислењето на другите. На крајот на краиштата, самодовербата е најсекси outfit што може да се носи.

kali rose (6)

Црната преовладува во твоите дизајни, зошто е твој избор и што сѐ може да се изрази преку оваа боја?

-Црната боја е мојот заштитен знак и само во неа се чуствувам јас. Светлите бои дефитивно ми се трн во око и многу ретко се случува да облечам парче облека во друга боја, а и не поседувам такви во мојот шкаф, освен некој пар чорапи :) Црната боја и кожените моменти се стилот на Kali Rose, но се обидувам да се спротивставам на самата себе и во секоја колекција да вметнам барем по некој детаљ во поинаква боја. Црната боја за многумина претставува негативност, симбол на тага, агресија, девијантност, депресија, со еден збор боја за на гробишта, но за мене е многу повеќе од боја, таа е моќ, сила, авторитет, елеганција, софистицираност. Во психологијата на боите оваа боја дава заштита од секаква негативна енергија и емотивен стрес. Верувам дека не само јас, но и другите се чувствуваат самостојни, уверени и во контрола на себеси кога носат црно.

За новата колекција подготви фотосесија и видео, со кого ги работеше и каде се сликаше?

-Ова е веќе второ видео кое е направено и објавено за брендот. Како и за првото, така и за ова се состави одличен тим. Зад видеата стои Зоран Зонде Стојановски, кој секогаш ги надминува моите очекувања и како што може да се види создава уникатно дело кое изгледа светски. Фотографскиот тим, пак сме јас и мојот драг пријател Дејан Бошковски, чии фотографии се прикажани овде, а јас овојпат се посветив на студискиот дел. Модели се Стефан и Софија од агенцијата „Моделс Ин“, благодарност и до Алек Наумовски што е секогаш тука за поддршка. Локацијата е една од моите омилени во Македонија, за мене многу специфична и моќна. Станува збор за Куклици во Кратово, кои постојат милиони години, дури и пред појавата на човекот на планетава. Дефинитивно, изгледа вонземски со што се вклопи во целиот концепт на презентирање на оваа колекција.

kali rose (4)

Ретка си што креира и за момчињата и мажите, некако домашните креаторите повеќе се обраќаат на женскиот пол, но колку според тебе има интерес за мода кај мажите? Колку е важно да се креира и машка мода?

-Минатата година за прв пат одлучив да вметнам неколку машки парчиња, чисто за моја сатисфакција да видам дали воопшто ќе има некаков одзив на мојата идеја. Како што и напоменавте, креаторите се сконцентрирани повеќе на женскиот пол и всушност мажите кои што сакаат да изгледаат поинаку од сѐ она што се нуди на пазарот немаат голем избор. Не можев ни сама да поверувам дека во текот на минатата година се пројави голем интерес од момчиња, но и од повозрасни мажи кои веќе поседуваат по неколку парчиња, што ме мотивираше веќе во оваа колекција да има подеднакво поделени комбинации колку за женскиот, толку и за машкиот пол. За жал таков фидбек немам во мојата родна земја и колку што можам да забележам од моите кратки посети во Скопје, секако постојат, но ретко гледам машки ликови со стил.

kali rose (3)

Често патуваш, живееш во Шведска, дали разните дестинации и влијанија те инспирираат во креирањето?

-Живеам во Шведска во последните три години, но не сум во Македонија подолг временски период. Често патувам, да, најчесто ги комбинирам работата и задоволството во едно и тоа беше мојот сон уште од дете, да сум слободна во својата работа со која ќе можам да го видам светот. Голем дел од патувањата се реализирани и преку музиката, секако електронската музика која ме има однесено скоро на сите страни на земјава. Целиот тој склоп на луѓе, места, градови, пустини, клубови, фестивали, се подразбира влијаат на самата себе како и во начинот на живеење, така и во начинот на креирање. Сѐ што е чудно, откачено, несекојдневно, екстремно ме инспирира. На пример фестивалот Burning Man доста ми е низ идеите, но ми е и уште поголема мотивација откако ова лето спремивме околу 30-40 стајлинзи за настанот. Дома, Шведска, има големо влијание во креирањето, живеам надвор од урбаниот хаос, во шума и сама. Скандинавија е препознатлива по долгите, темни и ладни зими, но за мене не е депримирачки, напротив ми е мистично и предизвикувачки за самата себе.

kali rose (8)

Каде се произведуваат Kali Rose креациите, но и каде се продаваат?

-Од минатата година Kali Rose се произведува во Македонија и за разлика од лани, на моја среќа и задоволство тимот веќе се проширува. Брендот работи како онлајн продавница и статистички најголемот интерес има во Америка и Европа, највеќе во Германија, Англија, Шведска, Франција. Физички се наоѓаме и во неколку продавници, во колективен склоп на дизајнери во Берлин, Франкфурт, Тел Авив и Тајланд, а наскоро ќе откриеме и повеќе. На нашата интернет страна можат да се најдат и кожени торби и разни модни додатоци кои се произведуваат во Индија и Бали.

DARE TO BE DIFFERENT!

www.instagram.com/kaliroseclothing/
www.etsy.com/shop/KaliRoseShop
www.kalirose.eu (наскоро)

kali rose (7)

kali rose (9)

kali rose (10)

 

Креациите на Kali Rose во спот на познатиот Стив Аоки

Kali RoseRadioactiveавангардна модавидеоедиторијалКатарина Лукамакедонска модамакедонски дизајн
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • prada

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

    јануари 18, 2021
  • Insta

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

    јануари 18, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • адвоа и кесева абоа

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

    јануари 18, 2021
  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics