• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

Од stylist @StylistMKD · На март 28, 2020

1

Роденденско интервју со ко-авторите Магдалена, Надица и Крсто

Пред точно една година, за прв пат се појави интерактивна и едукативна боенка за млади и возрасни за Македонија насловена како Colored Memories или „Обоени спомени“, проект на ко-авторите на оваа боенка Магдалена Таневска, Надица Златкова и Крсто Златков.

По неколкумесечно истражување, осмислување, цртање, пишување и дизајнирање, „Обоени спомени“ својот јавен живот го почна во март минатата година со промоцијата во рамките на настанот Fashion & Lifestyle Expo. Потоа следеше медиумската промоција, пласирањето на пазарот, соработки со книжарници и соодветни продажни места, online продажба, а боенката за кусо време се издвои како совршен подарок за сите генерации и пропатува не само низ Македонија, туку и низ светот.

Сето тоа им донесе чувство на радост, гордост и задоволство на Магдалена, Надица и Златко, а по повод нивната успешна година, еве едно роденденско интервју со нив. Тие раскажуваат за идејата и концептот на боенката, а најавуваат и нешто ново…

2

Кога ја имаме боенката Colored Memories во раце сфаќаме колку малку знаеме за нас самите

Mагдалена, вие сте дипломиран етнолог и антрополог и моден дизајнер. Од каде идејата за оваа боенка?

Магдалена: При моето студирање на факултетот за етнологија и антропологија имав можност да ја запознаам Македонија на многу по суштински начин. Богатата историја и културното наследство, можноста да ги видам природните убавини, да слушнам неверојатни приказни, легенди и митови од луѓето во руралните средини и.т.н. Мојата идеја беше да ги претставам бесконечните убавини на нашата држава и да ги споделам со сите мои сограѓани и туристите кои ја посетуваат Македонија. Едноставно сакав да најдам начин како другите луѓе да ја спознаат душата на Македонија.

Што сè е опфаќа боенката „Обоени спомени“ и колку истата е значајна за туризмот во Македонија?

Магдалена: Во првата едукативна боенка за млади и возрасни за Македонија „Обоени спомени“ се опфатени сите убавини на нашата држава, раскажани и прикажани на уникатен начин низ 140 страни и 56 илустрации. Постои раскажувач кој во улога на туристички водич ве води низ градовите и знаменитостите и за секоја илустрација што ќе ја обоите ве едуцира преку кратките текстови на македонски и англиски јазик. Овој приказ на Македонија е лесно читлив и интерактивен, како и можност за сите туристи на забавен начин да се запознаат со природните и културните знаменитости на нашата држава, а воедно и да уживаат во ова патување. Едноставно, „Обоени спомени“ е совршен сувенир и спомен за секого.

4

Магдалена и Надица на промоцијата на FLExpo пред една година

Надица, вие сте илустраторка на боенката. Каков е предизвикот да се работи на илустрации за возрасни?

Надица: Предизвикот е мошне интересен, а со оглед на тоа дека работам претежно на илустрации за деца, овој проект беше едно сосема поразлично и ново искуство за мене. Ова е всушност прв проект за возрасни на кој работев и кој значително се разликува од илустрациите за детски книги. Самите цртежи се со многу повеќе детали кои имаат за цел да им дадат поголем предизвик во боењето на возрасните, а тоа подразбира и многу повеќе време за нивна изработка. Чисто илустративно, за цртежите на оваа боенка ми беа потребни шест месеци, а за детските со ист обем доволни би ми биле два месеци.

12

Подготовка и селекција на илустрации, а потоа процес редење и подготовка за печат

Со оглед на големата содржина, кои илустрации ви беа најголем предизвик за цртање?

Надица: Би можела да посочам дека сите илустрации беа предизвик сами по себе. Со оглед на тоа што нашата замисла беше интерактивна книга во која ќе има „игра помеѓу илустрациите“, секоја од нив требаше добро да се постави и изработи за да ја добиеме посакуваната целина. Тука би можела да ги издвојам страниците од двете илустрации на Шарената џамија и манастирот Св. Јован Бигорски кои се една до друга и формираат една целина претставувајќи го заедничкото културно наследство и животот кој што постои на овие простории со векови. Кога овие страници ќе ги отворите, се појавува и нивната внатрешност и сета убавина претставена во деталите од прекрасниот иконостас во резба и муралот со живописните геометриски и билни орнаменти. Како драги илустрации би ги одвоила и народните носии, Ала турка и Мариовската кои се навистина предизвик за боење.

13

Илустрации за манастирот Св. Јован Бигорски и Шарената џамија

Крсто, помина точно една година од првата јавна промоција на боенката, што претставува и ваш прв роденден. Во колку примероци е испечатен првиот тираж и каков е интересот за оваа боенка од самиот почеток па до денес?

Крсто: Colored Memories е издадена во март 2019 година во тираж од 1.000 примероци со целосно сопствено финансирање. Својата прва промоција ја имавме во МОБ во рамките на саемот за мода и животен стил (Fashion & Lifestyle Expo) каде за три дена своите полици за книги ги збогатија првите 200 истражувачи на спомени. Имавме навистина одличен интерес, но тука ни започна и целата авантура. Да позиционирате едукативна боенка за возрасни и да се изборите за внимание во оваа „гужва“ од информации навистина не е лесно. Во текот на целата година работевме напорно и склучивме одлични соработки со најголемите издавачки центри и книжарници: Литература, ТРИ, Алби и Офис Плус кои ни овозможија достапност и во повеќе градови низ државата. Потоа дојдоа и локалните соработки со книжарниците како Просвета и ЗЗ ТОП од Охрид, Клио од Струга и други. Нашата малопродажна мрежа ја зголемивме и во неколку сувенирници, ресторани, хотели и хостели, а преку online продажбата на КупиКнига.мк боенката стана интернационално достапна за секого.

10a - prodazni objekti

Боенката се продава на бројни места

Кога ја имате боенката во раце сфаќате колку малку знаеме за нас самите. Колку ги познаваме работите на име, а малку или нималку во содржина. Затоа e добро да ја имаме како мини интерактивна енциклопедија дома, а одлична e и за подаорк. Тоа го препознаа и компаниите кои ја подарија на своите соработници.

Имавме навистина одлична година! За боенката пишуваа и објавуваа неколку наши блогери/ки, но имавме и објава од блогерка која го патува светот. Тука се и многубројните споделувања на боенката од нашите читатели кои ги нарековме истражувачи на спомени, а имавме и такви кои ја споделуваа од различни земји во светот. Едноставно, во текот на целата година нашата боенка прошета и виде многу повеќе од било кој од нас. За сите овие спомени во текот на целата година напишавме и детален блог пост.

10

Боенката со своите истражувачи низ светот

Вие сте одговорен за продажната и маркетинг стратегија. Каков е предизвикот да се создаде и продава книга во услови на целосна дигитализација?

Крсто: И покрај дигитализацијата, книгите сè уште се присутни во нашите домови. За разлика од слушање или снимање, за книгите отсекогаш ви биле доволни вашите раце. Воедно, самите библиотеки се и декор на домот кои даваат топлина, а нивниот печатен формат кој го прави прозводот физички е погоден и одличен за подарок. Доказ дека книгите не ја губат својата популарност е и Саемот на книги чија посетеност секоја година се зголемува.

Од друга страна потребата и начинот на учење се менува. Сè повеќе луѓе ги слушаат информациите, затоа што во пишана форма сме презаситени од нивно „дегустирање“. Затоа треба будно да ја следиме секоја промена и на истата да се адаптираме. Да не заборавиме, денешните технологии „родија“ и нови медиуми кои пак ни овозможуваат лесно и дирекно да комуницираме со нашата публика. Е тука сме целосно посветени и истите максимално ги користиме, затоа и нашето присутво е насекаде.

9

Крсто и Надица на промоцијата на боенката на FLExpo

Кои се идните планови на овој ваш заеднички проект?

Крсто: Како што напоменавме, будно ја следиме дигитализацијата и новите навики на едукација и забава. Оттука роденденски започнавме со еден нов интересен проект – дигитален формат на дел од боенката кој, покрај едукативниот и забавен карактер, ќе претставува и еден вид на алатка за промоција на туризмот и угостителството во Македонија. Всушност, се работи за мобилна апликација која ќе биде достапна и бесплатна за сите кои бараат различни начини на релаксација, едукација и забава, особено погодна и за новонастанатата ситуација во која се наоѓаме. Потоа и одлична алатка за угостителите, туристичките агенции и локални водичи кои како едни од најпогодените можат да ја искористат за своја лична промоција, што ќе биде особено важно по завршување на целата вонредна состојба, а со тоа и зајакнување на целиот сектор и економија. Дополнително до крајот на оваа година, го очекуваме и второт тираж со малку проширена едиција на спомени.

Повеќе за Colored Memories можете да дознаете на нивните социјални медиуми: Facebook, Instagram и YouTube.

11

14

Colored Memoriesбоенкаедукативна боенкаинтервјуКрсто ЗлатковМагдалена ТаневскаНадица ЗлатковаОбоени спомени
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

  • kali rose (5) интервју

    Постапокалиптичен и футуристички стил во колекцијата Radioactive на Kali Rose

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021
  • ??????????

    Берни Сандерс го претвори своето меме во дуксер за да собере пари за добротворни цели

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics