Покрај сите трендовски и хит чанти на сезоната, жените се навраќаат на класиката и елеганцијата, особено деловните жени кои бираат безвременски чанти налик на познатите модели „кели“ и „биркин“ на Hermes. Елегантна чанта соодветна за на работа, ама и за сите други пригоди и стилови, најдовме во понудата на Манго, како на пример оваа црна чанта со класичен изглед и коцкеста структура. Направена е од имитација на крокодилска кожа и има златно токае. Освен во деловни стајлинзи, може да се носи во лежерни дневни пригоди, со фармерки и плетен џемпер, со едноставен фустан за попладневни средби во некој ресторан, со класични чизми со високи потпетици или со трендовски гломазни чизми. Во овој период кога сме повеќе фокусирани на празничен изглед, да не заборавиме дека во тек се зимските попусти, кои овозможуваат купување на класични и безвременски модни парчиња, како оваа чанта на Манго.
Во Манго има повеќе верзии на овој модел на чаната, во разни бои, кожи и големини.
Нема коментари