Припиени, со висока половина и често со нагласено испеглан раб на средината, елегантните молив-панталони се есенцијално парче од деловната гардероба и понекогаш построга верзија на молив-здолништата. Како дел од костимот тие се незаменлив елемент од корпоративниот бизнис имиџ – црни панталони, бела кошула, сако и елегантни салонки се класика во деловниот изглед. Но, новите трендови дозволуваат да се носат и во полежерни комбинации со ниски чевли, женствени блузи, тенок џемпер врз кошула, кежуал палто. Покрај класичните црни и сиви модели, за пролетните денови има понуда од молив-панталони во посветли пастелни нијанси, па дури и во појаки бои.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари