Македонската манекенка Елена Реи продолжува да ја гради својата интернационална кариера, еден од последните нејзини ангажмани е модниот едиторијал за познатиот магазин Elle. Во изданието за Казахстан, таа позира во креации на познатиот Зухаир Мурад.
-Само во последниов месец нашиот топ модел Елена Реи смени неколку земји, каде на повик на модните агенции мораше да престојува за да ги сработи најновите проекти. И додека со нетрпение ги чекаме новите модни кампањи, веќе овој мај нашата Елена се најде на страниците на новиот број на Еlle Kazakhstan во одбрани парчиња на светскиот дизајнер Зухаир Мурад. За да биде радоста поголема и самиот дизајнер дел од едиторијалот го објави на својот профил на Инстаграм. Со секој нов проект Реи успешно ги освојува модните брендови и дизајнери, со што предизвика восхит и стекна голем кредибилитет во модниот свет – вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција „Моделс ИН“ од Скопје.За Елена Реи нема одмор, веќе патува кон Сеул на нејзината нова модна дестинација.
Нема коментари