• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЕЛЕНА СПАСОВСКА: Моден танц од кабаре до циркус

Од Ана Несторовска · На март 26, 2014

Спасовска за време на снимањето на каталогот за новата сезона на FWSK

Инспирирана од едно нереално општество, во кое спектаклот служи како комплексно оправдување дека лагата е всушност вистина, креаторката Елена Спасовска ја дизајнира новата колекција за сезоната пролет лето. Линијата „Спектакл 2014“ премиерно ќе биде преставена на претстојното издание на Модниот викенд-Скопје. Креаторката, која доаѓа од Куманово, јавува необичен перформанс во Скопје.
- Овој пат на ревијата покрај презентацијата на моделите ќе има танцов перфоманс. Преку него девојките од балетското студио „Ултра“,  во кореографија на Александра Димитриевска,  ќе ни раскажат приказна која почнува како кабаре, но на крајот завршува како циркус-вели Спасовска.
Во колекцијата прeовладува црната во комбинација со бојата на кожата. Провидните материјали даваат ефект на прозрачност, тантелата и ресите придонесуваат за текстурата, а owersize кројките за драматичност во изгледот.
-Колекцијата е составена од дерформирани парчиња облека кои носат идеја на урбано извртување и зголемени форми кои го истакнуваат постоечкиот спектакл во урбанистиката… Обично не внимавам на трендовите додека креирам колекција, но бидејќи како муза за секоја моја колекција ја земам урбаната жена, многу често некои трендови се јавуваат низ моите колекции.

Редовно ги претстатвува своите линии на FWSK

За првпат нејзината  колекција ќе биде поставена на продажба на сајтот на Елена, кој во моментот е уште во изградба, а сè уште нема одлучено за евентуално претставување на колекцијата на некој настан надвор од државата.
Спасовка со мали паузи редовно учествува  на Модниот викенд-Скопје, а често се преставува и на интернационални избори и ревии, како  фестивалот „Асембли”, кој се одржува во Грац, Австрија. Има дипломирано моден дизајн на Националната уметничка академија во Софија. По две години на Филолошкиот факултет, на кој учела француски и шпански јазик, се запишала на магистратура во Шпанија. Во супериорната школа за дизајн во Барселона освен магистерски степен, добила и искуство како стилист за неколку модни магазини, за модната ревија на „Антик Батик”, како и за концертот на Џулиет Луис. Во 2008 работела како стилист во шоу-румот на Хелена Хернандес како стилист за „Гес”, Томас Сабо и Ферли.  Во Барселона почнала да го оформувам и својот бренд. Во почетокот колекцијата се продаваше во бутикот за млади дизајнери „Нанас” во познатиот монденски центар на Барселона – Грасија, а подоцна имаше и претставување во шоу-румот на Јулија Кап. Домашната публика подоброја запозна попромоцијата во некогашната концептуална продавница „Лудус”. во Скопје.

Од ревијата на  Модниот викенд минатата пролет

По магистратурата во Барселона, каде што освен проекти за стилизам на модни магазини работела и на создавање археотипи за ликови од телевизиски серии, креаторката била поканета да работи и на еден италијански театарски проект чија премиера беше во Музејот на современа уметност во Скопје. На овој проект за првпат соработувала со италијанскиот режисер Лука Кортина, а подоцна со него ја работеше и на претставата „Аквариум“ по текст на Рефет Абази во тетовскиот театар. Така почнале ангажманите на модната креаторка во театарски престави. Следеше соработката со режисерот од Приштина, Фадил Хисај, на претставата „Злобно око“ во тетовскиот театар и „ Духот на слободата “ во Кумановскиот театар.
-Во минатата година работев на неколку костимографски проекти, последен беше на театарската претстава „Живот под кирија“ за Албанскиот театар, чија предпремиера беше на „Охридско лето“, а премиера во октомври во Скопје-вели таа.

Елена на една од ревиите во Грац, Австрија

АвстријаАлександра ДимитриевскаБарселонаГрацелена спасовскаинтервјукабареКумановомакедонски дизајнериМоден викенд-СкопјеСкопјеспектаклтанцтеатарски костумТетовоУлтрациркус
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics