• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЕЛЕНА ТОДОРОВСКА-ЕФТИМОВА: Бохо-креации исткаени со восхит кон жените со силен карактер

Од Ана Несторовска · На мај 11, 2017

Elena Todorovska9
Феминизмот, романтизмот и леснотијата отсекогаш биле дел од нејзината естетика. Во своите бохо-креации го вткајува восхитот од жените со силен карактер. Фустаните, кошулите, елеците, наметките, туниките, марамите и здолништата на новинарката и дизајнерка Елена Тодоровска-Ефтимова се извезени со приказни за минатото, сегашноста и иднината… Вистински приказни за нашите мајки, баби, прабаби, сестри и ќерки, жени-воини и хеоини од нашето опкружување. Во нив ќе ги препознаете нивните венчаници, ноќници, свечени парчиња и секојдневни креации, секоја безвременска, а трендовска,  впечатлива, но ненаметлива.

-Ми се допаѓа кога нештата се природни и не се форсирани. Секое парче има доза на декаденција, од старите чипки на венчалните фустани, до малите карнери на црниот и белиот памучен сет.  Сакам да креирам безвременски парчиња облека, во кои можете слободно да се движите, да работите, да уживате во животот и секојдневно да освојувате нови висини – како во вас, така и надвор од вас. Им се восхитувам на жените со силен карактер, без разлика дали се романтични, моќни или срамежливи. Сакам искрени карактери, девојки кои не се плашат јасно да го искажат своето мислење- вели Тодоровска-Ефтимова, која стои зад брендот Nalini.

Elena Todorovska0

Со фотографскиот тандем Ани и Дими направи фотосесија за новата колекција (пролет-лето 2017)

Без разлика што диктираат моменалните трендови, вечна инспирација ѝ се романтичните дизајни од 70-тите години, тенките и нежни ткаенини, индиските сари и природниот памук.

-Опсесија ми се и фустаните од викторијанската доба, рачно принтаниот индиски памук и мароканските килими. Моите колекции се инспирирани од патувањата и се восхитувам на естетиката на номадите. Сакам рачно направени нешта и затоа често во моделите вметнувам везење, плетење, ткаење. Сезонава омилен ми е рачно плетениот венчален фустан, кој е вистинско ремек-дело и е правен речиси два месеци-вели Елена, чии креации, носат девојки од цела Европа, Јапонија и Америка.

Elena Todorovska1

Омилен материјал за работа ѝ е калико памукот. Тоа е сиров и неизбелен памук и  нетретиран со хемикалии.

-Тој е целосно природен и често содржи мали делови од лушпата, кои можат да се видат вткаени во материјалот. Со неговата мека и помалку изгужвана текстура, тој е идеален и за најчувствителната кожа. Фустаните од свилените Индиски сари се моја нова зависност. Направени се од луксузни, стари сари и секое од нив е уникатно. Тие се чудесно меки и лесни, тенки, деликатни и со неверојатни принтови. Особено ми е грижа како нештата се направени. За мене е важна позитивната енергија, уживањето и чистата љубов додека нешто се изработува. Верувам дека секое парче ја носи енергијата на неговиот творец и дека оваа енергија потоа се шири. Во денешниот свет на масовен конзумеризам и евтини нешта без душа, особено е важно да се поддржи ова движење на артизаните. Нешто што е направено со љубов и грижа е многу посебно и има своја душа-вели Елена.

Elena Todorovska3

Во време на напредна технологија 3Д-принтани парчиња и брза мода, таа се враќа на корените, изучувајќи ги техниките со кои нашите предци создавале ткаенини. Беше дел од обука за ткаење, и оваа вештина ја применува во своите модели.

-Восхитена сум од талентот на ткајачките со кои работев додека го дизајнирав мојот прв рачно ткаен материјал. Овие жени се едни од последните ткајачки во нашата земја, кои се уште ја одржуваат жива оваа традиционална вештина. Одушевува нивната вештина и долгите часови работа на старите дрвени разбои. Конец по конец, ред по ред, гледав како црните, белите и сребрените конци се претвораат во уникатен памучен материјал. На крајот, откако учествував и го разбрав овој макотрпен процес, имав огромна дилема – дали да го исечам или не ова прекрасно ремек-дело. Немав срце да го сечам. Но, на крајот направив два фустани, инспирирани од старите украински носии.  Исто така и кимоно- палтото со црни ромбови е направено на стар разбој, со денови и денови ткаење, а инспирација за дизајнот ми беа старите марокански килими.  Овие парчиња облека не се лесни за производство, но тоа ги прави особено вредни и посебни. За мене тие се вистинско наследство, кое се пренесува од една генерација на друга-вели таа.

Elena Todorovska (13)

Со фотографскиот тандем Ани и Дими направи фотосесија за новата колекција (пролет-лето 2017) која ја претставуваме на stylist.mk.

-Фотосесијата за оваа колекција повторно ја работев со моите талентирани пријатели Андријана и Димитар – AD Photography. Моделот Ангела Карова ме восхити со нејзината позитивна енергија и леснотија со која работевме. Шминката и фризурата беа дело на Зорица Николова, која е вистински уметник со четката и со која совршено се разбиравме.

Elena Todorovska5

Четири години дизајнира облека за својата интернет продавница NaliniShop  на Etsy.com- светски познатата платформа за продажба на рачно изработени предмети, облека, накит. Налини на Санскрит значи лотус, прекрасно и Хинду божицата Гајатри.

-Креирањето за мене значи духовна храна. Потрагата по стари материјали и чипки, за мене е авантура, потрага по скриено богатство и лекција по историја. Овој дел од процесот го обожавам! Најчесто не се фокусирам на временски периоди, туку повеќе на тоа како тој предмет прави да се чувствувам, каква приказна раскажува, неговата текстура, боја. Посебно ме инспирираат старите парчиња материјали, кои ги вметнувам во креациите. Тоа најчесто се квалитетни материјали, стари по неколку десетлетија. Особено ми се допаѓа што повеќето од нив со текот на времето добиваат уште подобар квалитет – на пример, рачно ткаеното платно или плетниот чаршав од памучен конец, стануваат уште помеки. Особено инспиративно ми е купувањето материјали – никогаш не знам на што ќе налетам. Може да биде прекрасно индиско сари, рачно принтан индиски памук или некој преубав рачно везен узбекистански сузани текстил. Искуството со кое се здобив овие четири  години, работејќи online продажба е непроценливо. Секој ден сретнувам различни луѓе од целиот свет, секој со своја приказна. Особено ми е драго што моите дизајни се носат на улиците во Париз, Јапонија, Америка, Данска, Германија. Добивам преубави пораки од луѓето, дел од нивната животна приказна и тоа ме полни со светла и убава енергија. Особено сум горда на 100 отсто успешниот фидбек на мојата продавница, каде купувачите оставаат прекрасни мислења за купениот продукт-вели Елена, чиии модели неколку пати досега се појавија во познатото американско списание Belle Armoire.

Elena Todorovska4

Elena Todorovska6

Elena Todorovska7

Elena Todorovska8

Elena Todorovska (19)

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

NaliniNaliniShopАнгела КароваАни и Димибохо стилбохо-невестаЕлена Тодоровска-Ефтимовамакедонски дизајнерирачна изработкаткаењеуникати
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Linda-Evangelista-FENDI-Baguette

    Линда Евангелиста беше брутално обезличена после естетски третман, сега се враќа на манекенството со кампањата на Fendi

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Летни варијанти на машкиот костум

    август 3, 2022
  • 9

    Седум летни комбинации со широк долг фустан

    јули 27, 2022
  • unnamed

    Отворен повик до дизајнери за Slowscapes 5 – изложба на македонска еколошка мода и дизајн

    јули 27, 2022
  • 1

    МОДНО ЛЕТО: Што да облечете на и до плажа

    јули 26, 2022
  • off shoulder

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

    јули 26, 2022

Убавина

  • neon french

    #NeonFrench – Француски маникир со флуоресцентни врвови

    јули 11, 2022
  • 3 (3)

    House of Creed со задоволство ви го претставува Wind Flowers, најновиот свеж и цветен мирис

    јули 9, 2022
  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022

Живот

  • sangria mojito

    Што преферирате повеќе – сангрија со лубенца или мохито со лубеница?!

    јули 22, 2022
  • zito luks dija leb

    ДИЈА леб – нов производ на Жито Лукс поддржан од Сојузот на здруженија на дијабетичари

    јули 12, 2022
  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2)

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

    јули 11, 2022
  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022

Култура

  • Ilindenski denovi 2022

    Во Битола започнува фестивалот „Илинденски денови“ – 12 дена фолклор од регионот, Европа и САД

    јули 18, 2022
  • ???

    ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022

    јули 14, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics