Оскаровката Ема Стоун се појави на премиерата на Дизниевиот „Круела“, филмска сторија за „раѓањето“ на негативката Круела де Вил од приказните за 101 далматинец. Ова е прва поголема филмска премиера во ерата на пандемија.
Актерката Стоун го глуми главниот лик Круела де Вил во филмот, а на премиерата се појави во модна комбинација со потпис на Луј Витон во бои карактеристични за Круела – бела, црна и црвена. Комбинацијата се состои од црн елегантен костим со панаталони, бела кошула и црвена LV чанта.
Паралелно со премиерата на филмот „Круела“, козметичката компанија MAC ја лансира колекцијата M.A.C x Disney Cruella, шминка инспирирана од главниот лик во филмот, а од денеска достапна во MAC Skopje City Mall.
Нема коментари