Ако се спојат милениумско розовата боја и плишот како тренд ткаенина на сезоната, ќе добиеме серија на креации кои ќе бидат хит есенва – од чевли преку фустано до јакни направени во розов плиш. Оваа популарна боја е вметната во разни видови модели од кадифе, а најмногу може да се сретнат фустани на преклоп во овој стил. Трендот на розов плишан фустан го има во понудата на „Манго“, H&M и „Страдивариус“, а кај овие брендови како и кај Pull&Bear и„Зара“ видовме и плишани чевли и сандали. High street брендовите само ги следат тенденциите што ги понудија големите дизајнерски имиња, кај кои има цел спектар на модни парчиња во розов плиш – сакоа, дуксери со качулка, бомбер јакни, маици, панталони, чанти, па дури и плисирани здолништа.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари