Професионалниот успех е загарантиран кога е заокружен со вистинскиот изглед со кој формирате прв впечаток. „Никогаш нема да имате шанска за втор впечаток“, велеше славната креаторка Коко Шанел, и тоа важи и за минутите што ќе ги поминете на интервју за работа. Изгледот е еден од начините на изразување, а искусниот работодавач секогаш го забележува вашиот имиџ, колку професионално сте се облекле и дали изгледате уредно. Главното правило е да се воздржите од експериментите и да им дадете предност на проверените класици на канцеларискиот кодекс на облекување. Дозволете вашето CV и разговорот да бидат клучни, а не да ве запаметат по лошата облека. Затоа, најдобро решение се бела кошула, еднобоен џемпер, мантил, панталони со строг крој, костим, квалитетна структурирана чанта и чевли со модерен изглед. Парчињата што ги предлагаме лесно се комбинираат едни со други, и доколку ја добиете работата, ќе можете да ги носите и понатаму во канцеларија. Не заборавајате дека треба да се чувствувате удобно во тоа што го носите и да бидете самоуверени.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари