• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Младата дизајнерка Евгенија Зафировска денес ја прикажува дипломската колекција

Од Катерина Трајановска · На септември 15, 2015

ena zafirovska

Дипломка на Факултет за дизајн во Љубљана, младата македонска дизајнерка со авангарден израз Евгенија Зафирвска и за време на студиите се претставуваше на модни настани и изложби во Скопје и во Европа, а нејзината работа ја забележаа и словенечките медиуми и блогери. Таа неодамна се здоби со диплома како заокружување на модната едукација и вечер ќе ја прикаже својата работа на ревија во скопската вила „Ина“.

Вечер всушност ја имаш првата самостојна ревија по повод дипломирањето, што публиката ќе има можност да види?  

-Главниот повод  за ревијата е дипломирањето и последната колекција која ќе има можност за прв пат да се види. Редоследот на моделите ќе биде од моите почетоци на студирањето  до денес. Публиката ќе има можност да го проследи мојот креативен развој, како се преплетуваа идеите, како чекор по чекор го изградив својот стил. На ревијата ќе се презентираат 28 модели.

Кога првпат се роди желбата за модно креирање, зошто се одлучи за студии во Љубљана и со какво искуство се враќаш од таму?

-Мојата баба беше костимограф и од малечка бев опкружена со материјали, конци… На почетокот на средното училиште изработував накит, подоцна бев окупирана  со складноста на боите и дезените, следеше прекршување на модните правила, за да сето ова прерасне во желба да заминам на студии надвор од нашата држава. Мојот избор беше Факултет за дизајн во Љубљана, бидејќи најмногу ме привлече нивниот начин на работа.  Од моето четиригодишно студентско искуство со право можам да кажам дека се стекнав со професионален начин на работа, комуникација и стручност во мојата професија.

ez

Модните додатоци, прстените, чантите и шапките со необичен облик се доста битен дел од твоето креирање…

-Мојот стил наметнува секогаш несекојдневни екстравагантни линии, зад кои често се крие инспирацијата од македонските мотиви. Таква е и последната колекција на модни додатоци. Везени црни чанти, лептир-машни и прстени, чија снова е црна, а деталите се во црвена и бела боја. На чантите рачката е закачалка, таа е дополнителниот дел по која се препознатливи.

Во дел од моделите вметнуваш македонски вез, според тебе која е формулата за користење фолклор на модерен начин, без да изгледа како историски костим?

-За првата колекција на која ми беше инспирација македонската носија, акцентот го ставив на линиите. Кроевите го следат женското тело, тоа е еден од елементите на дизајнот со кој се разликува од носијата. За оваа колекција користев мешавина на свила со кој моделите добиваат свечен изглед.  Македонскиот традиционален вез како мотив е рачно изработен на целата колекција. Во дипломскиот проект работев со перфорирана кожа, преку која се отсликува македонската традиција. Мултифункционалноста на изработките  инспирирани од македонската традиционална носија, се вкрстува истовремено во капа и абажур на ламба.

евгенија зафировска

Како го дефинираш сопствениот дизајнерски израз? Што според тебе е најоригиналниот елемент во твоето креирање?

-Органски линии, асиметричност, необични кроеви моделирани на начин на кој акцентот е ставен на авангардниот стил, а сепак парчето е носливо. Се осмелувам да ги прекршам правилата, која е потребата сè да биде по шаблон!?

Пред дипломирањето имаше неколку претставувања, на пример во Скопје и во Љубљана, на Зона 35 во Загреб и на BAFE во Белград, што за тебе значеа тие почетни учества на модни настани?

-Како на секој млад уметник така и за мене претставувањето на сите овие случувања е голем предизвик заради надградувањето на моето знаење, стекнување и размена на искуства и начин на организирање на разни манифестации. Во изминатите три години сите претставувања ми беа во склоп на факултетот, а оваа година имав повеќе можности на кои се претставив самостојно.

Evgenija_Zafirovska-Urska_Fuks-05

Што после дипломирањето и оваа ревија? Каде ти се насочени плановите и желбите? Ќе фунционираш на домашната или на словенечката модна сцена?

-Мојотмоменталенплан е дапродолжамсо магистерските студиивоЉубљана. Што се однесува до соработката и презентирањето на моите модели сакам да се презентирам и кај нас, но секако дека искуствата кои досега сум ги имала и надвор од државата допринеле да имам поширока визија за моите идеи. Иако повеќе време поминувам надвор од нашата држава поради студиите и учествата на различни манифестации, сепак инспирацијата ја црпам од македонската култура. Најубавата презентација е кога си меѓу своите.

evgenija zafirovska (3)

f

evgenija zafirovska (1)

G1_Evgenija Zafirovska (6)

evgenija zafirovska (2)

Вила ИнаЕвгенија ЗафировскаЕна Зафировскамакедонски дизајнеримодна ревија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • ПРОЛЕТ (3)

    Трендови лесни за носење и аплицирање во вашиот стил

    април 14, 2021
  • 5

    Сината кошула модна класика што ќе ја носиме и оваа пролет

    април 14, 2021
  • lady-gaga-met-gala-2019-red-carpet

    Мет Гала годинава ќе се одржи, но не во првиот понеделник во мај

    април 13, 2021
  • 1

    Scotch & Soda носи смел став кон секојдневното облекување

    април 13, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics