Според речниот на Меријам-Вебстер, најпопуларниот во областа на англиското говорно подрачје, „феминизам“ е проласен за збор на годината која започна со женскиот марш во Вашингтон, протест за женските права, и заврши со женското движење да се стави крај на тишината на сексуалната злоупотреба. Уредниците на овој популарен речник објаснија дека пребарувањето на овој збор на нивната веб-страница годинава се зголемила за 70% во однос на 2016-та.
Модната куќа „Диор“ во 2017 година лансира маица со натпис „Сите треба да сме феминисти“, која брзо стана хит меѓу познатите, со што феминистичката порака уште повеќе се прошири.
Според дефиницијата на Меријам-Вебстер, феминизмот е теорија за економска, политичка и социјална родова еднаквост, како и организирани активности во корист на женските права и интереси.
Нема коментари