Пред два дена Ријана на Инстaграм објави видеа во кои се мачка со светкава течност која ја нарекува Body Lava, со што најави дека наскоро ќе лансира нов производ за својот козметички бренд Fenty Beauty. Се работи за масло за тело со светки, а Ријана досега откри две нијанси – бронзена (Brown Sugar) и боја на праска (Who Needs Clothes).
Ријана откако ја претстави својата козметичка линија Fenty Beauty предизвика револуција во светот на убавината, покажа што треба да понуди и како треба да изгледа бренд кој е наменет за жените од сите раси и типови на кожа, постигна голем успех и популарност кај публиката и кај професионалните шминкери, а се очекува дека успехот ќе го следи и новиот производ Body Lava кој ќе биде официјално претставен на 6 април.
#BROWNSUGAR or #WHONEEDSCLOTHES??? Nvm, we’ll take both ♀️ @badgalriri #BODYLAVA drops April 6th!
A post shared by FENTY BEAUTY BY RIHANNA (@fentybeauty) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари