Козметичкиот бренд на Ријана, Fenty Beauty, за претстојниот летен период претстави нова колекција од кремасти руменила и бронзери. Руменилата Cheeks Out доаѓаат во десет живописни бои, може да се надградуваат и користат во интензитет што вам ви се допаѓа, имаат немасна формула и на тенот му даваат природен изглед. Што се однесува до кремастите бронзери, тие имаат свиленкаста мазна формула и ги има во седум различни нијанси кои одговараат на секој тон на кожата.
Новите производи на Fenty Beauty се достапни од 17 април. Ријана ги промовираше на своите дигитални платформи, а неодамна објави и видео во кое зборува за овие креамасти новитети.
Нема коментари