Новогодишните празници можеби ни изгледаат далеку, но модните и козметичките брендови почнаа да ги откриваат празничните колекции. Во таа насока, Ријана ја претстави празничната колекција наречена Tinsel $How која ги содржи нејзините најпопуларни производи во мини верзија. Новогодишните и божиќните денови се во знакот на светки, блесок и пулејки, тие елементи ги има во шминката на Ријана – светкавите сјаеви за усна, популарните хајлајтери и светките за тело.
Во колекцијата Tinsel $How има пет мини сјаеви за усни Glossy Posse, кои ќе се продаваат заедно, потоа комплет од најпродаваните производи – сјајот за усни $weet Mouth и хајлајтер во нијанса Sand Castle, а секако ќе има мини верзија од култната Body Lava или шимерот за тело, во розово-златна нијанса Who Needs Clothes. Дополнително, покрај светкавата шминка, ќе има е мини мат кармин во темнобордо боја Underdawg.






























Нема коментари