• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Магична фотосесија за колекцијата The Dolls на Emili Exclusive Design снимена од Ани и Дими во Куклица

Од Катерина Трајановска · На октомври 5, 2015

1

Според дизајнерката Емили Пишева Гоџирова модерната жена сака да изгледа гламурозно, секси, луксузно, елегантно, ексклузивно и оригинално, па следејќи ги овие концепти таа ги создава рачно изработените, уникатни модели со нејзиното струмичко модно студио Emili Exclusive Design. Емили ја величи женственоста, истакнувајќи ја убавата силуета на жената и правејќи креации како од бајките. Деновиве Емили ја промовира колекцијата наречена The Dolls, за која сними магичен едиторијал со фотографското дуо Ани и Дими покрај камените кукли во кратовското село Куклица, кои го кријат митот за трагедијата на една свадба, разочараната девојка, нејзината клетва и скаменетите свадбари.

2

-Колекцијата The Dolls е составена од повеќе венчаници и неколку гламурозни тоалети. Не случајно ја одбравме таа локација за сликање на венчаниците, секој кој ќе ја прочитал историјата за тоа бесценето место ќе ја сфати поврзаноста. Во колекцијата има доста волуменски венчаници, изработена со скапоцени кристали во многу голема количина и со огромно количество на свила потрошено во креациите. За некои од венчаниците користевме и традиционална тантела со кралски дезен која е рачно доработувана и збогатена. Има и венчаница со метална рачно плетена чипка, повторно украсена со сваровски-кристали. Во фотосесијата прикажавме и многу рачно изработени акцесоари. Освен што доминираат многуте нијанси на бела боја, имавме прекрасна црна тоалета со доста секси деколте во задниот дел и доста необичен жолт фустан изработен рачно со бои со апстрактни мотиви – ни откри креаторката Емили.

3

Фотосесијата со Ани и Дими во Куклица бараше огромна организација и контрола на време.

-Сликавме на едно посебно место, дел од убавините на Македонија, место со приказна, место со своја посебност и убавина. Беше доста топло и напорно, но сè се заврши совршено. Едноставно прекрасните креации се овековечија со прекрасни фотографии. Сето тоа благодарение на вистински професионалци како фотографите Ани и Дими и студиото „Даци“ кое се погрижи за шминката – вели Емили која позира на фотографиите заедно со нејзината сестра и соработничка Благица Пишева Ѓоргиева.

4

Emili Exclusive Design специјализира во делот на венчаници и свечени тоалети со сложени детали, квалитетни материјали и многу рачна изработка. Ја прашавме Емили какви трендови се актуелни во моментов на светско ниво и кои од нив се применуваат во нејзините креации.

- Традиционалната венчаница е секогаш во мода, па и оваа година. Едноставна, долга, со доволно јак корсет за да се истакне убавината на женската силуета. Секако во тренд се не само тоалетите, туку и кратките фустани над и под колена со традиционален крој и едноставна линија која е нагласена со спој од богата текстура на матријали, мониста и секогаш неверојатните рачно поставени детали. Палетата на бои станува сè понеобична – крем, комбинација на белата со сива, златна, корална, па дури и детали во црна боја. А и металните бои ќе бидат доста атрактивни. А кога станува збор за изработка на венчаница и тоалета од Emili Exclusive Design, тогаш станува збор за изработка на уметничко дело, станува збор за изработка на нешто безвременско. Станува збор за изработка на фустан што засекогаш ќе биде убав и неодолив.

5

Емили рано го забележела сопствениот интерес за креирање и на 14-годишна возраст веќе почнала да прави облека за себе и за своите сестри. Вели дека отсекогаш ја посакувала, ја сака и ќе ја сака најмногу работата што ја работи. Ужива да создава нешто необично, нешто што не може да се носи секогаш и секаде, нешто што е посебно, што привлекува внимание, љубопитност кај луѓето. Уште од почетокот на нејзината кариера Емили се труди да ја направи жената среќна, сигурна, задоволна од начинот на кој изгледа. Да ја направи да биде во центарот на вниманието, да биде гламурозна, елегантна и секси.

6

-Официално мојот професионален почеток е во 2001 година. Беше доста напорно, истовремено вонредно студирав, посетував курсеви и го работев она што најмногу го сакав. Така што можам да кажам дека таа беше мојата најтешка фаза, фаза во која дарбата која ја поседував требаше правилно да ја искористам. Полека, но сигурно почнав да ја придобивам довербата на жената. Почнав да подготвувам и готови креации, но секогаш уникатни, да ги презентирам… Од скица на хартија, до прекрасни, уникатни и рачно изработени креации, како и многу со нив акцесоари. Претставувајќи ги своите парчиња уметност, брзо го привлеков вниманието на жените со софистициран вкус. Моите креации брзо ги поминаа границите на Македонија, продолжувајќи со презентации на колекции во Црна Гора и во Бугарија. Но, за да се биде совршено има многу обврски, затоа веќе цели три години соработувам со мојата сестра Благица Пишева Ѓоргиева – ни рече Емили за почетоците. Таа во јануари претстави колекција на Bridal Fashion Night во хотелот „Александар Палас“, а своевремено изработуваше сценски костими за пејачката Елена Ристевска.

7

8

9

Emili Exclusive DesignThe DollsАни и ДимивенчанициЕмили Пишева ГоџироваКуклицамакедонски дизајнерисвечени тоалетифотосесија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 интервју

    СИНДИ КАРАЏА: Колекцијата Mystical Dawn на QUEEN Haute Couture содржи префинети, моќни и бајковидни венчаници

  • sanja arsovska (6) интервју

    Магнетик со македонските актерки: САЊА АРСОВСКА – Храбра, динамична и секогаш со став

  • dаrja rizova (13) интервју

    „Магнетик“ со македонските актерки: Запознајте ја Дарја Ризова – искрена, насмеана и непосредна

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Double Tree by Hilton - Skopje 010

    Roof Bar 55 на „Хилтон“ – гастрономско уживање со софистициран панорамски поглед

Модна азбука

  • КАФТАН-долга горна облека без крој

    април 28, 2016

Видео

  • 7f5e1130-1825-4fab-9f3b-b1cec7b3f598_783011_tablet_landscape_large_16_9

    Денеска ги слушаме Hooverphonic

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • crn fustan (5)

    7 идеи за вечерен изглед со црн фустан

    февруари 15, 2019
  • 61Up_for_Everything-matas_1060

    Новата M.A.C. Up For Everything Mascara совршено ги витка и издолжува трепките

    февруари 15, 2019
  • dajan kiton

    Дајан Китон модна блогерка

    февруари 15, 2019
  • oriflame protiv brcki (3)

    Како за кратко време до блескава кожа без брчки

    февруари 15, 2019
  • 1

    Студиото на Заха Хадид креира вазни за Rosenthal

    февруари 15, 2019

Убавина

  • 61Up_for_Everything-matas_1060

    Новата M.A.C. Up For Everything Mascara совршено ги витка и издолжува трепките

    февруари 15, 2019
  • oriflame protiv brcki (3)

    Како за кратко време до блескава кожа без брчки

    февруари 15, 2019
  • vday-fragrance

    Романтични парфеми за неа и за него

    февруари 13, 2019
  • CAMILA COELHO

    MAKE UP TUTORIALS: Шминкерите предлагаат изглед за Свети Валентин

    февруари 11, 2019
  • lucy boynton

    Луси Бојнтон со модерна верзија на шминката од 60-тите

    јануари 29, 2019

Живот

  • 1

    Студиото на Заха Хадид креира вазни за Rosenthal

    февруари 15, 2019
  • Uchenicite vo uchilishteto Nova

    Канадскиот премиер Џастин Трудо се допишува за климатските промени со македонски ученици

    февруари 8, 2019
  • MAR_4366

    Fit Family предизвик – вежбајте и слабејте заедно со познатите во #30dayschallange

    февруари 6, 2019
  • Мастер шефот Марк де Јонг со курс за готвење во „Јавна соба“

    јануари 28, 2019
  • image2

    Huawei го претстави новиот P Smart 2019 на специјален настан во Скопје

    јануари 24, 2019

Култура

  • EFOC_YEH_A3

    Изложба на дела од работилницата “Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

    февруари 11, 2019
  • 3 Roma-The-Favourite

    BAFTA 2019: „Рома“ најдобар филм, седум награди за „Миленичка“

    февруари 11, 2019
  • 2 (1)

    Две недели џез во „Бруклински“

    февруари 6, 2019
  • Izlozba_Maja_Andonova_Jokik

    Маја Андонова Јокиќ со изложбата „Обоена љубов“ во НЛБ Галерија

    февруари 6, 2019
  • msu

    Промоција на списанието „Големото стакло“ во Музејот на современата уметност

    февруари 5, 2019

Тагови

FWSK Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница пролет-лето 2015 рекламна кампања улична мода
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics