• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ФРАН ги обединува нашите креативни страсти

Од Ана Несторовска · На февруари 6, 2014

Јулија и Фросина го сочинуваат јадрото на ФРАН, фото Ана Лазаревска

Младиот креативен тим, предводен од дизајнерката Фросина Ангеловска, под називот ФРАН од неодамна создава нова модна и естeтска приказна на нашата сцена. Екипата, покрај Фросина, која се јавува и како мејкап-артист, ја сочинуваат и Јулија Гичевска – задолжена за дизајн и аксесоари како и фотографите Ана Лазаревска и Горан Поповски.
-ФРАН функционира како креативно студио, што го отворивме со желба да ја материјализираме идејата за еден простор во кој ќе ги соединиме сите наши страсти, а воедно и  на клиентите ќе им понудиме дел од нашето ЈАС. Се наоѓа во центарот на Скопје и лесно е достапно. Вратите на студиото ФРАН се отворени за сите кои имаат желба да им помогнеме да се почуствуваат малку поинаку-вели Ангеловска.

Фотографија од сесијата Oriental Express на Горан Поповски

Покрај континуираниот анганжман кој ФРАН го има со одредени клиенти, велат дека секојдневно им се отвораат можности за нови соработки, од поголеми и помали размери, кои за нов се од еднаква важност. Без разлика дали се работи за ангажман од типот на: стајлинг, шминка, уникатна креација, фотосесија или сè заедно, оваа млада екипа е подготвена да се соочи со предизвикот и да го даде најдоброто од себе. Клиентите на модното студио ФРАН се од најразлични профили, но ги соединува желбата за нешто уникатно, модерно и професионално изработено.
-Како засебни професиналци со неколкугодишно искуство, а и како тим од скоро, сме имале прилика да соработуваме со голем број на естрадни уметници и видни личности од кои би ги издвоиле пејачката Нина Јанева, групите „Тајфата“ и The Hounds – велат Фросина и Јулија.

You May Now Kiss The Bride на Ана Лазаревска

Зад себе имаат неколку интересни фотосесии, меѓу кои се издвојуваат You May Now Kiss The Bride на Ана Лазаревска и Oriental Express и Hiroshima Pop изработени од Горан Поповски. Манекените со кои најчесто работат се од модната агенција „Дина Моделс“, а отворени се за соработки и со сругите модни студија.
Модното јадрото на ФРАН се Фросина и Јулија. Велат дека се знаат многу долго „а се нашле по волја на судбината“.

Hiroshima Pop од Горан Поповски

- Нè спои нашиот уметнички сензибилитет, а сличните карактери и принципи ја одржуваат нашата пријателска и професионална врска цврста… Плановите за 2014 година ни се поврзани со развој на брендот. Планираме промоција со воведна колекција, која моментално ја создаваме, а што ќе се случува понатаму… нека биде изненадување-велат тие.


Фросина, која е родум од Скопје, има дипломирано на Универзитет при  Polimoda во Фиренца. Семестар на пост дипломски студии има при Osaka Bunka fashion college во Осака, Јапонија. Работно искуство како дизајнерка има стекнато во домашните модни куќи: „Санда“ и ,,Елена Лука“, била одговорна за реализација на плетени производи за брендовите во ,Mario Foroni uno MF1: „Селин“, „Шанел“, Стела Макартни, „Ив Сен Лоран“ и други. Има богато портфолио како шминкер за повеќе кампањи и компании. Сега целосно е посветена на ФРАН, чиј основач е таа. Зад нејзе се колекциите Splash (Охрид, 2010), The Japanese Experience (Осака, 2010) и The G-Lection (Фиренца, 2009). Има освоено награда за најкомерцијална колекција на дипломската ревија на ,,Полимода“. За признането било едногласно изгласена од жирито составено од: Alessandro Gensini (Nomination),Felice Limosani(Art Director), Anna Meo(Firenze Sapere), Andrea Panconesi (Luisa Via Roma).


Јулија, пак, која доаѓа од Битола, дипломира на отсекот за моден дизајн Европскиот Универзитет во Скопје. Зад нејзе се низа презентации на Модниот викенд-Скопје, Битолската модна недела, Полински ноќи и зори-Дојран како и низа групни изложби и ревии во рамките на студиите. Има работено во Конфекција НИТО– Битола, „Елена Лука” , а била помошник на костимографија во МОБ и силист на квизот „Тркало на среќата“.







Јулија ГичевскаАна ЛазаревскаБитолаГоран Поповскимакедонски дизајнериМоден викенд-СкопјеМодна недела во БитолаСкопјаСтела МакартниФРАНФросина Ангеловска
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics