Модна фиксација во моментов е маицата со „потпунки“ на брендот The Frankie Shop
Никогаш не потценувајте ја моќта на обичната маица, универзална и прифатлива од страна на сите помалку или повеќе љубители на модата, омилена кај сите генерации и присутна скоро кај секој моден бренд. Што се однесува до 2020 година и оваа пролетна сезона, има еден тренд на маица кој нè освои сите – обична маица која има „потпуники“ и која на некој начин ги „нагласува“ мускулите, слично како како кај muscle-маиците без прерамки што беа популарни во 80-тите. Таа и се вика – Eva Padded Shoulder Muscle T-Shirt (називот се однесува на поставените раменици и на откривањето на структурата на мускулатурата), а во модата ја воведе брендот The Frankie Shop и предизвика експлозија во модната индустрија како ретко кое модно парче.
По лансирањето на оваа маица која чини 75 долари, овој модел буквално го освои Инстаграм. „Почувствував дека додека креирам треба повеќе да користам потпунки, а бидејќи ние во брендот сакаме да си поигруваме со класичните форми, одлучивме потпунките да ги испробаме на обична маица. Не успеавме да го добиеме посакуваниот изглед, но подоцна, во разговорот со Евангели Смирниотаки (@StyleHeroine), дојде идејата маицата да биде без ракави. Со неа ја делиме љубовта кон таа силуета со истакнати раменици, и така некако се случи крајниот изглед на маицата“, открива Гаел Древет, сопственичката на брендот.
The Frankie Shop досега има продадено илјадници од овој модел на маица, а трендот го превземаа и хајстрит брендовите, па овој модел го има и во актуелните колекции на „Манго“ и „Зара“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
So happy to receive such great feedback from my latest video – more to come with styling tips to your wardrobe – will practice on my rusty English meanwhile To all who asked, these jeans are old Levís A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) on
View this post on Instagram
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари