Ретрофустанот со зелено-жолта флорална шара од шведскиот бренд H&M оваа сезона е еден од омилените на трендсетерките, судено според бројот на објави со него на Инстаграм. Станува збор за модел со карнери кај кој покрај цветовите има листови и лимони. Креацијата е идеална за летни забави, патувања во големите европски метрополи, а може да се носи и на плажа. На профилите на блогерките понудени се едноставни, а трендовски комбинации, во кој фустанот е носечкото парче. Тие го носат со сандали на плута, римјанки, кафени, бели или златни влечки или апостолки, како и со балеринки и еспадрили. Моделот остава впечаток на лесен и освежителен, не само со својата шара, туку и со својот лелеав крој и лесен материјал.
Нема коментари