Во зградата во која што е сместен симфонискиот оркестар F.A.M.E.’S во скопската населба Автокоманда, каде што се снимаат оркестрации за разни филмски, телевизиски и други светски музички проекти, отоворено е ново гастрономско катче наречено Fames Bistro. Концептот е во стил на бистро, атмосферата пријатна, а ќе се служи храна која е мешавина на македонска и француска кујна, која има шмек на домашно подготени јадења. Шеф на кујната во моментов е познатиот мастер-шеф Марк де Јонг.
Нема коментари