• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Македонката Геновева Кристоф ја промовира новата колекција во Њујорк

Од Ана Несторовска · На септември 17, 2014

genoveva1

Македонската дизајнерка родум од Ресен, Геновева Кристоф, која неколку години гради успешна кариера во САД, викендов ја претстави својата нова колекција на модното шоу New York Fashion Week Benefit. Таа одушеви на добротворниот настан, што се одржа веднаш по завршување на официјалната ревиска програма на Модната недела во Њујорк.
- Чест и задоволсто ми беше по вторпат да учествувам и презентирам моја колекција во Њујорк, за време на модната недела. Посебна возбуда  и атмосфера има во градот во овој период. Оваа сезона учествував во модното шоу New York Fashion Week Benefit, организирано од The Set NYC. Настанот не само што беше платформа за пласман на новите колекции на  младите талентирани модни дизајнери, туку имеше и хуманитарен карактер. Шоуто имаше за цел да помогне во заштита на децата,  да едуцира и да ја поддигне свеста за трговија со деца – вели Кристоф која открива дека поканата за учество на овој настан ја добила благодарение на објавата на фотографија со креација  од новата линија на „Инстаграм“, што го забележале организаторите.

genoveva2

Геновева (четврта од лево) по ревија со моделите и гостите на настанот

 

Модниот настан се одржал во Челзи, Менхетн, во стара, запуштена, но убава црква, што допринело во несекојдневната атмосфера. Учествувале вкупно 12 дизајнери, од кои поголемиот дел ги изложиле своите креации, а само неколку одржaле ревии.
-Посетителите имаа време да се движат низ просторот и да ги разгледуваат парчињата облека и модните додатоци… Јас бев една од креаторите што презентираа, но мислам дека ги надминав очекувањата, па бев замолена моделите да ги претставам на модната писта и да бидат дел од ревијата-вели Геновева.

genoveva3

Во колекцијата доминираат јаките бои: розова (хот пинк) и разни розе свеликави транспарентни материјали, златната боја и апстрактен цветен материјал. Силуетите се инспирирани од 40-тите години.
-Дизајните го следат женското тело, а должината на здолништата и фустаните е до под колена. Исто така застапен е cape top (блуза со наметка) со панталони, препознатливо за 40-тите. На некои од дизајните има транспарентни розови панели. Дизајните се женствени и софистицирани. Од материјалите корисев растеглива металик свила, шифон, свилен сатен твил и микадо со преубав цветен дезен. Креациите ги надополнив со модни додатоци од мојата колекција, ласерски кожни белегзии во златна боја.
Кристоф вели дека ѝ се допаднало што настанот траел подолго и имала можност да контактира со посетителите.
-Имав можност на кратко да се запознам со Chef Roble (Готвачот Робл), кој има популарно реално шоу Chef Roble & Co на  Bravo TV,  Аминет од America’s Next Top Model и  познатиот модел Шон Рос. Впечатоците од ревијата беа преубави и посебно ме радува што добив одличен фитбек од сите присутни на модниото шоу-вели таа.

gevivevaa

Геновева се преселила во САД пред девет години за да биде со својот сопруг – Бени Kристоф, кој по потекло е Македонец, но е роден и живее во Kолумбус, Охајо. Двојката има две деца.
Има дипломирано на Kолумбус колеџ за арт и дизајн. По завршување на студиите добила ангажмани како моден дизајнер и илустратор. Работела и на концептуални решенија за големи брендови како „Викторија сикрет“, „Ралф Лорен“, „Армани“, „Блумингдејлс“ и „Лореал/Ланком“. Пред три години почнал да работи како независен дизајнер, а нејзиното прво модно шоу беше на Модната недела во Kолумбус. Пред две години учествуваше на „Дајет Пепси студио фешн шоу“ во рамките на „Мерцедес Бенц модната недела“ во Њујорк. Нејзин фустан исто така влезе во финалето на изборот „Адриана Папел за Е!“. Победничката креација од овој натпревар се најде на црвениот килим на доделувањето на наградите „Оскар“ во 2012 година.
Геновева Петреска Kристоф е родена во Ресен, таму има завршено основно училиште, продолжила во Средното медицинско во Битола и на крајот дипломира социјална работа во Скопје. Сепак, отсекогаш имала афинитети кон модата.
- Од мала бев заинтересирана за модата и цртав, но кога запишував на факултет во Македонија, немаше многу можности за дизајнери. Од таа причина решив да се запишам на социјална работа. Kога се преселив во Kолумбус имав шанса да почнам од почеток и решив да го студирам тоа за што отсекогаш имав интерес и страст – модата.

America’s Next Top ModelBravo TVcape topChef Roble & CoKолумбусNew York Fashion Week BenefitThe Set NYCЊујоркЊујоршка модна неделаАдриана Папел за Е!АрманиБитолаВикторија СикретГеновева KристофГеновева КристофГеновева Петреска KристофГотвачот РоблДајет Пепси студио фешн шоуИнстаграмЛанкомЛореалмакедонски дизајнериМенхетнМерцедес Бенц модната неделаМодна недела во Њујоркмодно шоуОскарОхајоРалф ЛоренревијаРесенСАДСкопјеЧелзиШон Рос„Блумингдејлс“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics