Супермоделот Жизел Бундшен позира сосема без шминка во новиот број на италијански Vogue, концепт што не ѝ е непознат во секојдневниот живот, но е за првпат познатиот магазин да објави насловна страница на која манекенката е ненашминкана. Жизел приватно практикува минималистичка шминка или изглед без шминка, што може да се забележи и на нејзиниот Инстаграм профил, но ретко се случува манекенките да се фотографираат без шминка на страниците на модните списанија.
Откако повеќе не се занимава со манекенство, Жизел живее мирен семеен живот во Бостон со сопругот Том Брејди и двете деца Бенџамин и Вивиен. Токму таму го покани фотографот Џејми Хоуксворт кој направи серија на фотографии кои откриваат дел од нејзиниот приватен живот. Снимена во домот и во дворот од куќата, манекенката открива како ги поминува неделните утра со семејството, а фотосесијата е направена во стилот на фоторепортажа. Жизел не само што не е нашминкана, туку списанито за првпат не ангажирало моден стилист, туку манекенката сама одбрала каква облека ќе носи – полежерни комбинации и креација на „Гучи“ за насловната.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари