• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Александра Шекутковска: „Градски наративи”- накит како мапа на Бангкок

Од Ана Несторовска · На октомври 4, 2016

aleksandra-shekutkovska01

Инспирирана од урбаната слика, градбите и динамиката во Бангкок , архитектката и дизајнерка на накит Александра Шекутковска ја креирала својата нова линија на накит наречена „Градски наративи”. Во нејзин препознатлив минималистички, а повеќеслоен стил, ги создала ѓерданите, прстените и брошевите, кои ќе бидат претставени на првото издание на саемот за накит и модни додатоци „Накит викенд 2016”, што ќе се одржи од 7 до 9 октомври во „Јавна соба“, Скопје.
-Во последните две години живеејќи во мегатрополисот Бангкок, често пати набљудував двојна слика за градот. Од една страна бруталноста на неговата флукс – инфраструктура и креативното милје на неформалните претприемачи како друга. Истражувајќи го градот низ различни размери, од Blade Runner сцените на кровните кафулиња до лавиринт улиците во маалата низ Кинескиот кварт, постојано работев скици и цртежи околу тоа што претставува градот. Заради динамиката на променливост на Бангкок, развивањето на нови алатки, дијаграми како и слоеви за презентација на одредена состојба станува основен услов за негово методолошко разбирање-вели Шекутковска.

aleksandra-shekutkovska-6
Колекцијата „Градски наративи” всушност претставува збир на дијаграми со кои се интерпретираат овие сценографии: спој на сензибилното и суровото во градот кој доживува рапидна урбанизација.
- Овие накит/предмети се куратори на просторните карактеристики, нееднаквото создавање на простори, преговарањето за простор и место и индивидуална потрага по идеалниот полис. Секое од парчињата претставува мапа на одредена геопоетика. Формите се просторни дијаграми, употребените материјали се дрво, сребрен плексиглас и тајландска свила, обработени со ласерско сечење и рачно завршени детали. Композициите се смели и сензитивни со нагласено визуелно графичко решение. Наративите се испреплетуваат преку композиции во кои се рефлектираат моќните импресии од градот како појава, истовремено истакнувајќи го архитектонскиот и дизајнерскиот вкус на оној кој ги носи-вели таа.

aleksandra-shekutkovska-9
Колекцијата е достапна преку веб-продавниците http://www.theurbclv.com/citynarratives/, https://www.etsy.com/shop/theurbclvplatform, http://theurbclvplatform.tictail.com и студиото во Скопје.
Шекутковска е актуелна и со колективот Тhe URB CLV, кој го стартува пред две години.
-Платформата “The URB CLV” во моментов е дел од Pre-acceleration програмата на Seavus Incubator, каде развиваме апликација за урбанистичко планирање. Ваквата одлука е поврзана со минатото искуство како предавач и експерт за урбан дизајн и развој на интернационалната програма на универзитетот Тамасат во Бангкок, Тајланд. Истражувањето на комплексни урбани состојби и ситуациии потикнува размислување и насочување кон алатки за партиципативен дизајн, со кои се развива улогата на граѓанинот во градскиот простор. Во градовите во развој предизвик е да се мапираат вкрстените геометрии на движење кои го прават секој впечаток на градот натопен во динамика и густина. До крајот на годината се надевам дека ќе имаме пробен прототип кој ќе може да се користи и во Скопје. Сметам дека е повеќе од вистинско време да почнат да се создаваат мрежи помеѓу различните актери во јавниот урбан простор и да се размислува за наративите на кооперативниот град-вели таа.

 

aleksandra-shekutkovska-7
aleksandra-shekutkovska-8
aleksandra-shekutkovska-5
aleksandra-shekutkovska-10
aleksandra-shekutkovska-3
aleksandra-shekutkovska-4

The URB CLVЈавна соба“Александра ШекутковскаархитектБангкокброшевиѓерданидрвомакедонски дизајнери на накитмапанакитНакит 2016прстенисаем на накитТајландТамасат„Накит викенд 2016”
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Мода и политика – виолетовиот капут на Џил Бајден со силна порака

    јануари 20, 2021
  • 1

    Сестрите Џиџи и Бела Хадид ги обожаваат овие предимензионирани сакоа

    јануари 20, 2021
  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • prada

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

    јануари 18, 2021
  • Insta

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

    јануари 18, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics