Италијанската модна куќа Gucci, под креативно раководство на дизајнерот Алесандро Микеле, е најбаран моден бренд во 2017 на Google. Со својот нов еклектичен имиџ, Gucci важи за еден од најпопуларните брендови меѓу ѕвездите, во уличната мода и е еден од највлијатлените и најпрофитабилни во модната инудустрија. Втор на листата на најпосетениот пребарувач на интернет е Louis Vuitton, а следат Dolce & Gabbana, Christian Dior, Yves Saint Laurent и Chanel. Читателите многу се интересирале и за младите етикети Fashion Nova- која се популаризира благодарение на Инстаграм и Supreme-еден од омилените брендови во уличната мода. Топ-10 се заокружива со „хај-енд“ луксузните брендови Valentino и Moschino.
Нема коментари