Креативниот директор на модната куќа „Гучи“ Алесандро Микеле го најавува новиот парфем Mémoire d’Une Odeur, првиот унисекс, одосно родово-неутрален парфем на куќата. Оваа мирисна композиција не е врзана за полот и возраста, но и за времето. „Парфемот е она што, дури и со затворени очи, нè транпортира во прецизен момент во времето и просторот“, смета Микеле кој е инспириран од моќта на меморијата и како таа делува на сегашноста.
Во кампањата за промовирање на парфемот се појавува пејачот Хари Стајлс, кој заедно со уште 20-тина интересни ликови е на пикник покрај рушевините близу Рим.
Мирисните ноти на Mémoire d’Une Odeur се базираат на камилица и јасмин, ванила и сандалово дрво, а парфемот е сместен во зелено шишенце кое го евоцира изгледот на винтиџ парфемите на „Гучи“.
Нема коментари