Актерката Гвендолин Кристи ја сака модата и тоа често го покажува на црвениот килим, бирајќи необични и авангардни дизајни. За вчерашната премиера на филмот The Personal History of David Copperfield таа заедно со својот стилист избра да носи хипнотизирачки фустан од есенската колекција на висока мода на холандската дизајнерка Ирис Ван Херпен. Гвендолин за настанот носеше креација со хипнотизирачки спирални линии, со транспарентни делови, без раменици и со драматичен омбре ефект.
Нема коментари