• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

HARD TO EXPLAIN- Колоритно бегство од сивилото на реалноста

Од Ана Несторовска · На декември 18, 2013

Тимот на Hard to Explain со своите соработници и моделите по ревијата на 7 декември во Старата скопска чаршија

Се обоивте ли денес? Со ова прашање и симболиката на боите дизајнерскиот тим на македонскиот моден бренд Hard to Explain пред 10-тина дена ја промовира својата колекција за сезоната есен-зима 2013/2014. Во својот креативниот простор во Старата скопска чаршија, етикетата за урбана мода претстави 16 женски креации инспирирани од симболиките на боите, нивната функција и значењето. За линијата Катерина Попева и Марија Дацевска, кои стојат зад брендот, биле мотивирани од краткиот расказ на Војо Цветановски „Во паркот на боите“, кој раскажува за симболичноста на боите во животот на еден човек кој трага по обоеноста, како „бегство“ од реалното сивило.

- Во оваа кратка приказна ја препознавме новата зимска колекција и заедно со авторот на расказот влеговме во реализација на проектот ,,Се обоивте ли денес?“. Го замисливме како модна ревија и истовремено како уметничка изложба, која има за цел покрај модната линија да ја доближи и суштината на боите низ нивната симболика. Со тоа секој би се доближил поблиску до сопствената боја, онаа што   ја има најчесто во неговата облека -велат Катерина и Марија.

Една од основните цели на оваа колекција е да се преслика, т.е доближи симболиката на боите до клиентите, како еден од основните двигатели во уметноста и во животот воопшто, кој е тесно поврзан со суштинато на секој поединец.
-Овој пат сакавме да направиме поинаков пристап кон целокупната идеја и реализација. Сакавме да излеземе од стандардниот начин на изработка на една колекција. Линијата е авангардна, но сепак носива. Секое парче може да се искомбинира на различен начин во зависност од пригодата. Клучниот израз што би ја дефинирал колекцијата е комбинација на разни дезени, тканини, игра со самите нив и рачна изработка-велат тие.

Колекцијата ја карактеризира и миксот на стилови,  кои, сепак, ја потцртуваат женската елеганција, односно претставува повеќенаменски имиџ кој што може да стане допадлив за повеќе генерации.
Моделите се комплетирани со соодветни модни додатоци: чевли, чанти и накит. Застапена е целата палета на бои, соодветно на појдовната идеја за линијата. Како и во претходните колекции, користат природни материјали, како што се: волна, свила, кожа, чоја и памук.

-Понудата на тканини и матерјали на нашиот пазар е слаба, но сепак еден уметник треба да умее да твори со веќе понудените производи. Со матерјали буквално се снаоѓаме од секаде каде што ќе најдеме нешто квалитетно и интересно и како што знаете печатот на името Hard to Explain е и обработка на матерјали и тканини (цртање, везење, плетење) и експериметирање со истите, со што ги правиме препознатливи и по инвентивни.

Овие креативни девојки неколку години ја разработуваат етикетата Hard to Explain. Велат дека има многу значајни моменти како што се неколку самостојни ревии, презентации во рамките на Модниот викенд во Скопје, изработка на костими за представа,перформанси и секако надградување на самиот бренд.
-Идејата на брендот е да креира дизајнерска облека и модни додатоци, кои што ќе пратат добра конструкција, изработка, начин на презентација и целокупен стајлинг кој што ќе биде достоен за едно дизајнерско име на нашите простори, а се надеваме и надвор од нив. За сите овие години полека, но сигурно успеавме да стекнеме своја редовна клиентела која што го почитува нашето творештво.

hard01

Тие имаат и други соработници, најчесто дизајнери на додатоци, од кои во моментов актуелна е Катерина Микрут која работи под името Mikka Design. Со нејзе го делат ателјето Hard to Explain, но и промоцијата на новите колекции.

Покрај модниот дизајн Катерина се занимава и со држење на фит – пилатес часови, и со уште два члена- Јасна Лековска и Димитар Шавкуловски неодамна го отвори фитнес-студиото „Тринити“.
-Пилатесот и фитнесот ми се како втора професија и огромна љубов, и од хоби некако прејдоа во моја втора професија. Со добра организација и макотрпна работа успевам да посветувам време и да ги менаџирам двете работи, а притоа да нема некакви недостатоци во ниедна од нив-вели Катарина.

Hard to explainесен-зима 2013/13Катерина ПопеваМарија Дацевскаревија
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Linda-Evangelista-FENDI-Baguette

    Линда Евангелиста беше брутално обезличена после естетски третман, сега се враќа на манекенството со кампањата на Fendi

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Летни варијанти на машкиот костум

    август 3, 2022
  • 9

    Седум летни комбинации со широк долг фустан

    јули 27, 2022
  • unnamed

    Отворен повик до дизајнери за Slowscapes 5 – изложба на македонска еколошка мода и дизајн

    јули 27, 2022
  • 1

    МОДНО ЛЕТО: Што да облечете на и до плажа

    јули 26, 2022
  • off shoulder

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

    јули 26, 2022

Убавина

  • neon french

    #NeonFrench – Француски маникир со флуоресцентни врвови

    јули 11, 2022
  • 3 (3)

    House of Creed со задоволство ви го претставува Wind Flowers, најновиот свеж и цветен мирис

    јули 9, 2022
  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022

Живот

  • sangria mojito

    Што преферирате повеќе – сангрија со лубенца или мохито со лубеница?!

    јули 22, 2022
  • zito luks dija leb

    ДИЈА леб – нов производ на Жито Лукс поддржан од Сојузот на здруженија на дијабетичари

    јули 12, 2022
  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2)

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

    јули 11, 2022
  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022

Култура

  • Ilindenski denovi 2022

    Во Битола започнува фестивалот „Илинденски денови“ – 12 дена фолклор од регионот, Европа и САД

    јули 18, 2022
  • ???

    ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022

    јули 14, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics