Големите пешкири во облик на круг ги освојуваат плажите ширум светот. Ако ви се здосадат толку предвидливите правоаголни пешкири, тогаш набавете кружен и шарен за да го разубавите денот поминат на плажа. Ова лето во тренд се двобојни тркалезни пешкири, но поинтересни се оние со живописни шари, фолклорни мотиви, инспирирани од индиска мандала или пак со шара на лубеница.
Нема коментари