Септември не е само месец во кој децата се враќаат во училиште, туку и кога родителите се спремаат за нов бизнис квартал после годишните одмори. Нова сезона на работа повлекува и нова деловна облека. Затоа модниот бренд H&M ја подготви кампањата Dress (Re)Code со шик и формални стајлинзи соодветни за во канцеларија. Моќни костими и лежерни панталони, сакоа и капути во црвена боја, безвременски парчиња како класична кошула и фустан на врзување се дел од понудата на брендот, кои потоа се комбинираат со модерни чанти и обувки што го задоволуваат деловниот дрескод.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари