Деловниот имиџ е деликатна работа, лесно може да погрешите и да облечете нешто несоодветно за во канцеларија, а најголемите киксови се прават во летните месеци кога се грешно се применуваат тесни прерамки, разголено деколте, проѕирни материјали, кратки здолништа и премногу отворени сандали. Тогаш што да одберете во лето?! Облека од природни ткаени, добро скроени ленени сакоа, елегантни сандали, а трендовски популарни се широките панталони, сакоата без ракави и миди молив-здолништата. Палтото преку лето има повеќе декоративна улога, некогаш официјалната пригода бара да бидете покриени, иако навистина е жешко. Бирајте светли бои, ненападни принтови, широки прерамки на блузите, класична бела кошула и облека со едноставни кроеви, соодветна и за во лето и за во канцеларија.
Нема коментари