• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

IN MEMORIAM: Збогување со холивудската принцеза – Кери Фишер

Од stylist @StylistMKD · На декември 28, 2016

carrie-fisher-11

„Збогум Принцеза Леа“…„Силата нека биде со тебе“…Фановите ширум светот, со овиe зборови на социјалните мрежи се збогуваа од својата омилена холивудска принцеза, ѕвездата на култниот серијал „Војна на Ѕвездите“,  актерката Кери Фишер, која вчера почина на 60-годишна возраст. Смртта настапила како последица на масивниот срцев удар кој го доживеа неколку дена претходно, на 23 декември, за време на летот од Лондон кон Лос Анџелес. Фишер зад себе ја остави својата 24-годишна ќерка Били Лорд и мајка си, холивудската старлета Деби Рејнолдс.

carrie-fisher-9

Со своите колеги од „Војна на Ѕвездите“, Харисон Форд и Марк Хамил

Емотивни пораки до семејството и обожавателите пратија нејзините колеги од „Војна на Ѕвездите“, Харисон Форд и Марк Хамил, а се огласи и Џорџ Лукас, која ја опиша „својата Принцеза Леа“ како „неверојатно паметна и талентирана актерка, писателка и комичарка, со многу шаренолик карактер, која ја сакале сите“.

carrie-fisher-2

Со својата мајка, холивудската старлета Деби Рејнолдс

Нејзината животна приказна е неверојатна и поколоритна од било каква фикција и холивудски филм. Родена во семејство на актерските легенди: Еди Фишер и Деби Рејнолдс, уште од детството ја почувствувала блескавата, но и мрачна страна на славата. Нејзините родители се развеле поради аферата на татко ѝ со Елизабет Тејлор, што оставило трага врз Кери. Нејзиниот живот го следат издигнувања и падови, справување со биполарноста и зависноста од лекарства и дрога. Една година била во брак со музичарот Пол Сајмон, а со партнерот Брајан Лорд ја има својата единствена ќерка Били.

carrie-fisher-7

Со својата единствена ќерка, Били

Светска слава стекна со ликот на Принцезата Леа во „Војна на Ѕвездите“, во 70-тите години, а се појави и во новото продолжение од минатата година – „Војна на ѕвездите: Будење на Силата“… Повеќе филмски сајтови јавуваат дека пред смртта успеала да го сними својот дел и за следниот Star Wars филм: Episode VIII, што треба да биде промовиран во 2017… Зад себе има забележителни улоги и во The Blues Brothers, Hannah and Her Sisters, When Harry Met Sally… како и во многу серии. Последните години имаше повеќе гостувања во популарни ТВ-Шоуа, а последното, кратко пред смртта ѝ беше во Graham Norton Show во Лондон. Доста внимание привлече и со своите полу-автобиографски книги Wishful Drinking и Postcards from the Edge…

carrie-fisher-1

Последните години доста внимание привлече и со своите полу-автобиографски книги

Се памети како голема феминистка и жена што секогаш го кажувала своето мислење без ограничувања. Изврши големо влијание и во светот на модата, со својот стајлинг како Принцезата Леа, посебно начинот на кој ја носеше косата… Се памети и нејзниот златен костум како робинка од „Војна на ѕвездите“. На нејзиниот стил, филмска кариера и живот се сеќаваме преку избор од неколку фотографии.

carrie-fisher-5

Родена е во семејство на актерските легенди: Еди Фишер и Деби Рејнолдс

carrie-fisher-4

Една година беше во брак со музичарот Пол Сајмон

carrie-fisher-16

Култните плетенки на Принцезата Леа оставија печат во модата

carrie-fisher-style3

Ликот на Принцезата Леа ѝ донесе светска слава

carrie-fisher-style4

carrie-fisher-10

Еден од најнезаборавните модни моменти во кинематографијата е токму златниот костум од „Војна на ѕвездите„

carrie-fisher-style1

Романсата од филмското платно со Харисон Форд ја пренесе и во приватниот живот

carrie-fisher-style

Секогаш модерна на црвениот килим и на сите свои јавни појавувања

carrie-fisher-style2

carrie-fisher-20

Последното јавно гостување ѝ беше во Graham Norton Show во Лондон

carrie-fisher-3

Hannah and Her SistersStar WarsThe Blues BrothersWhen Harry Met SallyЏорџ ЛукасВојна на ѕвездитеДеби РејнолдсКери ФишерМарк ХамилПринцеза ЛеаХарисон Форд
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics