Една од најпознатите модни блогерки во категоријата „личен стил“, Блер Иди од Atlantic Pacific, редовно постира фотографии со разни комбинации, ние селектиравме неколку изгледи прикладни за деловното облекување. Панталони во светла боја и белото сако се добар избор за овој период од годината, потоа доколку деловниот дрес-код дозволува повеќе разиграност, може да одберете шарено и широко здолниште, а горниот дел со пеплум-крој е парче кое одговара на силуетата на повеќето жени. Секако, фустан со едноставен крој и смирен принт е секогаш добредојден во канцеларија.
Нема коментари