Kарирани креации, црвени чизми, мантили и сакоа со необични кроеви, интересно плетиво, корсетирани блузи, интензивни бои, новите ѕвезди на уличната мода доаѓаат од едно за нас сосема неочекувано место – Тбилиси, во Грузија. Русинките одамна се популарни по своите модни комбинации, перидов се наметнаа и Скандинавките, но внимание треба да им посветите и на Грузијките. За време на тамошната модна недела Тбилиси се претвори во улична модна писта полна со интигантни стајлинзи, необични модни решенија, со инспиративни ликови кои евидентно ги следат модните трендови, смели се во изразот, и го нагласуваат она што за нив е автентично. Тбилиси го ставаме на модната мапа како дестинација што треба да се следи…
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари