• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА: Континуираното креирање е мојот најголем луксуз

Од Катерина Трајановска · На јануари 25, 2014
Lidija-Georgieva-portret-747x1024

Лидија Георгиева годината ја започна со продажба на футроли за телефеони и таблети со нејзин отпечаток, како и со разработување на концептот за новата модна колекција

Минатата година беше навистина интензивна за дизајнерката Лидија Георгиева, а од нејзината дизајн-лабораторија излегоа творечки идеи кои покрија неколку креативни области – модна ревија за новата колекција „Пејсаж бр. 26“, изложба на Скопската недела на дизајнот со уникатна колекција на керамика и внатрешно уредување, учество на меѓународни недели на дизајнот во Загреб, Софија и во Белград, спроведување на новата образовна програма на ТМФ. Годината успешно ја заокружи со потпишан договор до компанија од Сан Франциско за дизајнирање футроли за новите верзии на iPhone, Kindle, iPad и Samsung.

-Понудата од Сан Франциско ја добив непосредно по одржувањето на Неделата на дизајн во Скопје. Се работи за 10 идејни решенија за принт на футроли за најновите модели на iPhone, iPad, Kindle и Galaxy Samsung. Освен на сајтот на Kekа, производи ќе се пласираат и на „Амазон“ на САД и на Велика Британија. Дизајните на отпечатоците се дел од мојот универзум, предложив за три теми, од кои две се декоративни (Techno Flowers или Magnolia Versailles), а третата е медитативна, космичка, хипнотичка. Има дизајни кои се викаат Super Nova или пак Prune Star. Ми се допаѓање идејата тие слики да се најдат на телефон. Таа играчка денес го содржи целиот наш живот и во неа има повеќе технологија отколку во првите вселенски мисии. Навистина возбудлива авантура, работев со големо уживање.

Дел од футролите дизајнирани за компанија од Сан Франциско

>>Што беше највозбудливо и најпредизвикувачки во однос на дизајнирањето футроли? Сепак преку овој производ се обраќаш на поширока публика…

-Идејата е доста привлечна, се работи за производ кој значајно го смени секојдневието. Користејќи современа технологија на печатење им дадов живот на слики кои посакував да постојат, но немав начин тоа да го сторам во Македонија. Некои идеи веќе се појавија не ревијата минатиот април, кога ја претставив колекцијата „Пејсаж бр. 26“.Тогаш започна процесот на истрага по виртуелни пејсажи, ова беше логична прогресија. Понудата од Калифорнија дојде во прав момент, токму кога барав производ кој би ги носел моите идеи за отпечатоци. Фактот што и’ се обраќам на поширока публика не значи дека треба нешто да сменам во стилот на изразување, туку само професионално да ги спакувам идеите, а тој терен ми е познат, бидејќи седум години работев лиценци за Јапонија.

>>За оние што сакаат да си набават футрола со принт дизајниран од Лидија Георгиева, каде да се обратат?

-Производите се претежно наменети за американско, канадско и британско подрачје, продажбата е активна на сајтот на Кека и на Амазон, а наскоро се надевам и во Скопје.

>>Во овој контекст, по дведецениско творење модни парчиња креативниот интерес го прошири и на мебел и дизајни за домашно уредување, една од поновите авантури е колекцијата на керамика, веројатно првата кај нас со дизајнерски потпис. Што те предизвика да се фокусираш токму на керамика?

-Отсекогаш ме привлекувала таа материја, поради процесот на обликување, нејзината чуствителност и реакцијата на допир со рацете. Масата од која се изработуваат керамичките и порцеланските производи сме ја наследиле од праисторијата на човештвото, се усовршувала низ целата историја, а нејзините благородни квалитети и позитивни вибрации се одамна познати.

Вазни од керамика колекцијата „Питомо и диво“ (Фото: Ива Димеска)

>>Колку ти беше инспиративен, возбудлив, податен процесот на работа со керамика?

-Комплицирано е, зависи од многу фази во изработката. Дизајнерот мора да биде јасен и упорен уште од почеток во својата идеја, почнувајќи од изборот на керамичка маса, па сите процеси на обликување, сушење, печење, глазирање, печатење. Тука ќе ја истакнам соработката со професорката Емилија Фиданчевска од ТМФ, која со својата стручност ми помогна во сите етапи. Неколку дизајни беа збогатени и со употреба на инокс, што беше додатен технички предизвик за добивање на финалниот резултат. Сепак, во фазата на изработка постои еден медитативен момент, кој не може да се опише, се работи за чисто и многу пријатно задоволство.

>>Керамичката колекција ја претстави на последното издание на Неделата на дизајн во Скопје (SDW). Задоволна ли си со првичната реакција? 

-Многу од посетителите мислеа дека пред оваа имам веќе неколку колекции керамика. Тоа го сфатив како комплимент. Неколку дизајни сега се дел од внатрешното уредување на резиденцијата на Француската амбасада во Скопје. Целата колекција беше објавена во реномираниот италијански магазин Design42day, а подоцна следеше изложба во „Концепт 37“. Секако дека сум задоволна и од искуството и од резултатите.

egg chair, interpratacija LG

Легендарниот модел на столица Јајце во интерпретација на Георгиева

>>Впечаток остави твојата интерпретација на столицата Јајце од познатиот дански архитект Арне Јакобсон…

-Фотељата Јајце е дел од историјата на визуелната уметност. Многу дизајнери ја интерпретирале, но никој досега на начин којшто го одбрав. Инаку, продуктот е резултат на соработка со Архитектонското студио „Смарт ливинг“ и е дел од нашата заедничка колекција за домашно уредување LG4SMART. Може да се набави во нивната продавница. Во заедницата на архитектите овој дизајн предизвика големо внимание и комплименти.

>>Твоето престатвување на SDW беше во знакот на дивото и питомото. Како успеа да ги споиш овие две спротиставени состојби?

-Живееме во систем кој бара од нас да сме во беспрекорна физичка форма, психичка стабилност и рационално размислување. Нашите постапки треба да се политички коректни, а нашите ставови социјално прифатливи. Тоа е нашата системски припитомена страна, како зверки во кафез. Каде се крие нашиот вистински генетски код и како тој живее во заедница со питомото животно? Ова прашање го истражував не само во дизајнот, туку и во изработката, така што како резултат на тоа сè е изработено и рачно и индустриски.

>>Керамика, ѕидни украси, предмети за домашно уредување, принт за футроли, машки маички со принт… Имаш ли време и енергија за создавање женска облека?

-Женската облека беше исто така дел од моите активности есенва, но беше во подискретно издание. Деновиве започнав со новата колекција, сè уште сум во фаза на истрага, рано е да се зборува, но мислам дека ќе биде доста возбудлива и интересна. Секако, следува ревија.

Креации од колекцијата „Пејсаж бр. 26“

>>Иако минатата година ти донесе неколку професионални новини, да не ја заборавиме модата и тоа што претстави модна колекција на априлското издание на Моден Викенд Скопје. Колку си задоволна од тоа како македонската публика реагираше на последните креации? 

-Реакциите беа одлични, јас имам публика што знае да препознае квалитет и креативност која излегува од рамките на локалната сцена, а интересно е дека сите се едногласни во коментарот дека моите дизајни се посебни. Имам вроден отпор кон дизајнирање веќе видени модели, односно рециклирање на туѓи идеи.

>>Дел од твојот интерес во изминатиов период е ангажманот на професор на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје. Беше ли ова вистински момент во твојата кариера посериозно да се посветиш на професорскиот ангажман и кои се твоите почетни заложби да создадеш една современа и издржана катедра која ќе ги заинтригира оние што сакаат да станат модни креатори?

-Сега имам можност да ја работам оваа работа, бидејќи сум тука со постабилен ритам. Порано тоа не беше можно. Интересно е да се работи со студенти, сфатив дека ако директно им се обратиш со внимание, резултатот доаѓа веднаш. Магично! Имам еден долгорочен план, но за тоа ќе зборуваме во друга прилика.

Дизајнерката создаде и колекција машки маици со принт (Модел: Велимир Жерновски/ Фото: Жарко Чулиќ)

>>Своевремено како првенец на генерација на ФЛУ во Скопје аплицираше и доби стипендија од француската влада за студии по моден дизајн на париската школа Дупере. Што од она што таму го научи сакаш да им го пренесеш на твоите студенти?

-Целиот систем на размислување и доаѓање до идеи, нивно развивање во артикулирана целина и колекција што содржи издржана идеја, како и отворен дух

>>Една од задачите што си ги постави во однос ангажаманот на ТМФ е создавање нова студиска програма која ја надоплни веќе постоечката за текстилни инженери. Што таа содржи и кои се твоите главни предмети?

-Студиската програма за дизајн и инженеринг на облека е конципирана како спој на технолошко и дизајнерско образование. Мислам дека е тоа многу интересна и единствена комбинација. Јас предавам неколку предмети поврзани со модниот дизајн, илустрација и историја и секако, ги подготвувам студентите за годишната ревија која се одржува на ТМФ секоја пролет.

>>Неспорно е дека постои огромна разлика меѓу парискиот моден свет и македонската модна сцена, но како некој што повеќе од две децении ја „живеел“ модата во Париз, што треба да прифатиме за вистинско (про)функционирање на модата во Македонија?

-Оф!

>>Мислам дека извиков сè обајснува… Ти недостасува ли Париз?

Некои работи да, некои воопшто не. Највеќе ми недостасува парискиот дух.

4silueti2

>>Таму се стекна со богато искуство работејќи кај Корин Кобсон, во париските луксузни ателјеа на „Рошас“ и „Балман“… Кога сега би се вратила во Париз и би имала отворена врата да бираш во која модна куќа сакаш да работиш, што би избрала ?

-Не би сакала да работам во ниедна куќа на постојан ангажман, премногу ми значи мојата слобода на движење во креацијата. Како надворешен соработник би избрала или плетена колекција или серија отпечатоци за било која луксузна куќа. Имам огромно почитување за куќата Александар Меквин, но мислам дека највеќе работа за мене има кај „Мисони“, ми се допаѓа идејата за семеен бизнис. Познавам неколку италијански куќи кои би ми позавиделе на архивата од мустри која ја собирав со години/

>>Иако велиш дека не се ограничуваш со стилски определби, плетените парчиња, везените апликации и печатените уникати се твој заштитен знак. Како сега во моментов го дефинираш она што го работиш, својот креативен светоглед и стилот со кој се изразуваш?

-Немам дефиниција, тоа вие новинарите го правите подобро од мене. Јас имам само многу љубов, интуиција, искуство и изведбена техника.

>>Според тебе, дали еден дизајнер, освен во моден аспект, треба да се реализира и во други творечки медиуми?

-Па не знам за другите, но мене лично фокусирање на само еден медиум ми е доста клаустрофобична опција.

316

>>Што значи успех за тебе? Да те исполнува работата? Континуирано да создаваш колекции? Да се продаваш во Париз кој се смета за врв во модата? Да ги насочиш студентите на прав пат? Да те „носи“ Мадона?

-Претпоставувам сето тоа заедно. Сигурна сум дека Мадона прекрасно изгледа во дизајнот што го купи од мојата колекција. Да се продаваш во Париз е сериозен предизвик, а да се продаваш во Париз во референтни бутици е уште потешко. На тоа сум секако горда, а за континуирано креирање, веќе реков неколку пати – тоа е мојот луксуз.

>>Ќе ти пречи ли ако покрај твоето име постојано е залепена флоскулата „дизајнерка чие парче купи Мадона“, небаре тоа е твоето најголемо достигнување?

-Не ми пречи. Моето најголемо достигнување, се надевам дека сè уште не сум го остварила.

>>За твојата модна кариера „виновен“ е еден многу познат француски креатор, Кристијан Лакроа, кој напиша препорака која ти помогна кон крајот на 80-тите да ја добиеш стипендијата за школување на Дипере (со што веројатно си прв студент од Македонија што студирал на престижно париско модно школо). Успеа ли некогаш да се сретнеш со него?

-Господинот Лакроа со препораката која рачно ја напиша на цела страна од мојата колекција цртежи ми помогна да ми се отворат најтешките врати. Не успеав потоа да му се заблагодарам лично, а животот сакаше неколку негови вработени да ми се блиски пријатели.

>>Иако не беше присутна на домашната сцена две децении, знаеш добро да ги анализираш ситуациите, маките, проблемите и негативностите во македонската мода. Како се доведовме во ситуација многу несериозни играчи, под превезот дека сериозно се занимаат со мода, да си играат и прават мошне несериозни чекори кои само ја назадуваат сцената?

-Многу е тенок слојот на вистински дизајнери кои ја познаваат работата и веројатно токму поради тоа се неми посматрачи на шарлатанска ситуација. Македонската мода е локален феномен чија што апсурдност е тешко да се опише. Се работи за недостаток на писменост и на визуелна култура во сите области на дизајнот, но мислам дека во модата тоа е највидливо. Многу е лесно да сошиеш едно фустанче, а новопечената публика тоа да го толкува како дизајн или уште полошо, како колекција. Нема да навлегувам во спектакуларните небулози кои ги видов и прочитав во последниве неколку месеци, но навистина сум изненадена од неквалитетното размислување кое нема ни почеток ни крај. Недостатокот на професионализам, импровизација, амбиција во комбинација со предимензионирана провинциска мегаломанија, отсуството на вистински критериуми, сето ова се коси со она што се работи, учи и применува во нормалнот свет. Се надевам дека неколкуте драгоцени исклучоци ќе продолжат да работат.

>>Сакаш да готвиш, да уживаш во музиката, да посетуваш културни настани… Какви визуелни, музички, амбиентални и други сетилни референци може да те инспирираат за креирање?

-Автентични, егзотични, концептуални, пасионирани…

>>Дизајн за тебе претставува креирање облека, правење модни додатоци, создавање мебел и керамика, работа како костимограф… Што е следен предизвик?

-2014 година…

Лидија Георгиевамакедонски дизајнеримоден дизајн
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics